| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија и Косово ќе се обединуваат во една држава пред влезот во ЕУ?!

Обединувањето на Косово и Албанија треба да биде следната прва цел на Албанците, смета албанскиот академик Реџеп Чосја, кој тврди дека тоа нема да биде можно со влезот во ЕУ.

– Луѓето зборуваат дека тоа прашање ќе биде решено во ЕУ. Не, нема да се реши во ЕУ. Како што не им се дозволува на земјите-членки поделба на две држави, така ЕУ нема да дозволи ниту нејзини две членки да се обединат во една држава, истакна Чосја за албанската телевизија „Вижн плус“.

Тој смета дека најважно е обединувањето на Косово со Албанија без членство во ЕУ и тврди дека обединувањето не е само желба, волја или чувство на Албанците, туку прашање кое решава многу други проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top