| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарите подалеку од судот, пратениците со ексклузивни фотографии од судница

Додека полицијата не им дозволува пристап на медиумите до кривичниот суд каде што моментно се наоѓаат уапсените за упадот во Собранието на 27 април годинава, дел од пратениците на фејсбук се ситат на фотографија на која се гледа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков со лисици на раце.

Тортурата продолжува: Уапсен Митко Чавков

На новинарите и снимателите не им е дозволено да се приближат до влезот на судот. Не им е дозволено да се приближат ниту до задниот влез од каде што се внесуваат и изнесуваат приведените. Затоа пак на некому му е дозволено да направи фотографија со мобилен телефон од внатрешните простории на судот и истата да биде објавена од страна на пратениците. Тие со ситење на своите фејсбук профили ја објавуваат фотографијата од судницата. Има ли закон?!

-Чавков, на обвинителна клупа, со лисици на рацете… Прекрасно… – напиша пратеникот Павле Богоевски на својот фејсбук профил. Истиот оној Богоевски кој кршеше и палеше за време на „Шарената револуција“. Тогаш беше оправдано палење, боење згради, блокирање улиуци, затоа што тоа било искажување на револт на граѓаните. Сега истиот тој Богоевски влезе во собраниските клупи, како награда за успешното палење и боење на институции. Кога беше приведен шарените протестираа, вршеа притисок за негово ослободување. Сега Павле се сити… Правда за сите…

Да не биде покус, истото го стори и пратеникот Мухамед Зекири.

На новинарите им е забранет пристап до влезната врата на судот, не им е дозволено на фотографите да фотографираат, но затоа некому му е дозволено фотографирање внатре во судницата со мобилен телефон. Богоевски се „покаја“ за објавената фотка и ја повлече. Но затоа пратениците и вработените во Пи-ар службата на Владата се активни во ситењето.

Влатко Васиљ не остана покус. Додека е на работа во Влада….

Намерно или не, сите тие во својот статус посочуваат дека се уапсени и лица, кои реално не се. Како на пример поранешниот директор Сашо Стефановски, кој ја демантираше ваквата вест.

Текст: Република

Сашо Стефановски негира дека е уапсен – медиумите пренесуваат лажни вести

ОБНОВЕНО: На Митко Чавков му се слошило во Кривичниот суд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top