| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците зависни од „дијазепам“, зависносноста нѐ носи на работ на животот

На ре­цепт ми­на­та­та го­ди­на би­ле из­да­де­ни над 875.000 па­ку­ва­ња „ди­ја­зе­пам“ (ед­но па­ку­ва­ње има 30 држеи, што би зна­че­ло де­ка во 2012 го­ди­на би­ле про­да­де­ни по­ве­ќе од 22.250.000 таб­ле­ти)

TabletsandCapsules„Ди­ја­зе­пам“, „ле­кси­ли­ум“, „хе­лекс“, „кса­накс“, „ал­про­за­лам “, ан­ти­де­пре­си­ви­те „де­про­зел“ и „па­ро­ксат“, средс­тва­та за спи­е­ње „сан­вал“ и „лу­на­та“, ова се са­мо дел од ле­ко­ви­те за сми­ру­ва­ње, кои Ма­ке­дон­ци­те не­кон­тро­ли­ра­но ги кон­су­ми­ра­ат.

– Сè по­го­лем е бро­јот на тие што ба­ра­ат ле­ко­ви за сми­ру­ва­ње и ан­ти­де­пре­си­ви. Нај­го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те што ги кон­су­ми­ра­ат средс­тва­та за сми­ру­ва­ње не зна­ат ни зо­што ги пи­јат. Нај­че­сто ве­лат де­ка ги пи­јат за да се сми­рат, а не зна­ат де­ка има­ат и дру­ги дејс­тва.  На сво­ја ра­ка зе­ма­ат ан­ти­де­пре­си­ви, без кон­сул­та­ци­ја на пси­хи­ја­тар. Сè по­че­сто ба­ра­ат и средс­тва за спи­е­ње, ка­ко, што се „сан­вал“ и „лу­на­та“,  кои пре­диз­ви­ку­ва­ат фи­зи­о­ло­шки сон без ма­мур­лак. А, ни­кој не чи­та де­ка тре­ба да се пре­ки­не по де­сет­ти­от ден од кон­су­ми­ра­ње би­деј­ќи пре­диз­ви­ку­ва­ат за­вис­ност.  Не са­ка­ат да кон­су­ми­ра­ат ле­ко­ви за сми­ру­ва­ње на бил­на ба­за. Ги пре­по­ра­чу­ва­ме, но ре­тко кој ги зе­ма. Точ­но де­ка тој што пи­ел „ди­ја­зе­пам“, ба­ди­ја­ла му е да пие бил­ни таб­ле­ти, но ра­бо­та­та е да се поч­не со тие бил­ни таб­ле­ти, па по­доц­на, ако има по­тре­ба, да се пре­ми­не и на не­што по­сил­но – ве­ли ед­на фар­ма­цев­тка, вра­бо­те­на во ап­те­ка во Скоп­је.

Зло­у­по­тре­ба на ан­ти­би­о­ти­ци

Фар­ма­це­вти­те ве­лат де­ка е го­ле­ма и зло­у­по­тре­ба­та на ан­ти­би­о­ти­ци­те, ду­ри и три­па­ти по­го­ле­ма од зло­у­по­тре­ба­та на ан­ти­де­пре­си­ви­те. Сѐ по­ве­ќе Ма­ке­дон­ци са­ми си „пре­пи­шу­ва­ат“ ан­ти­би­о­тик, кој се про­да­ва во енорм­ни ко­ли­чи­ни. Нај­че­сто па­ци­ен­ти­те ба­ра­ат ан­ти­би­о­ти­ци што тре­ба да се пи­јат по пре­по­ра­ка на спе­ци­ја­лист, од­нос­но по­сил­ни ан­ти­би­о­ти­ци.

Спо­ред Фон­дот за здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње, во 2012 го­ди­на се ре­а­ли­зи­ра­ни вкуп­но 17.449.128 ре­цеп­ти, што во од­нос на 2008 го­ди­на бро­јот на ре­цеп­ти бе­ле­жи по­раст од  69 про­цен­ти. На ре­цепт ми­на­та­та го­ди­на би­ле из­да­де­ни над 875.000 па­ку­ва­ња „ди­ја­зе­пам“ (ед­но па­ку­ва­ње има 30 таб­ле­ти, што би зна­че­ло де­ка во 2012 го­ди­на би­ле про­да­де­ни по­ве­ќе од 22.250.000 таб­ле­ти). Би­ле про­да­де­ни 521.058 ку­тии „ди­ја­зе­пам“ од  пет ми­ли­гра­ма, 354.366 ку­тии од два ми­ли­гра­ма и 5.322 па­ку­ва­ња од 10 ми­ли­гра­ма. „Бро­ма­зе­пам“ („ле­кси­ли­ум“) би­ле про­да­де­ни око­лу 330.000 па­ку­ва­ња, од кои нај­го­лем број од три ми­ли­гра­ми – 250.336 па­ку­ва­ња. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та на ФЗОМ, би­ле про­да­де­ни и око­лу 450.000 па­ку­ва­ња „ал­пра­зо­лам“.

До­ктор­ка­та Лил­ја­на Ки­те­ва – Иг­на­то­ва од Цен­та­рот на за­вис­ни­ци во Ки­се­ла Во­да ве­ли де­ка са­ма­та број­ка не тре­ба да  зна­чи ни­што. Мо­же да по­ка­жу­ва де­ка упо­тре­бу­ва­ат мно­гу лу­ѓе или, пак, де­ка упо­тре­бу­ва­ат мал­ку лу­ѓе, но го­ле­ми до­зи. Пра­кти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка има лу­ѓе што упо­тре­бу­ва­ат пре­го­ле­ми ко­ли­чи­ни, по­ве­ќе од 100 ми­ли­гра­ми днев­но, што е за­стра­шу­вач­ка ко­ли­чи­на за еден ор­га­ни­зам.

pills

Им­по­тен­ци­ја, за­бе­гу­ва­ње, са­мо­у­бис­тво

Проб­ле­мот со пре­ку­мер­но кон­су­ми­ра­ње средс­тва за сми­ру­ва­ње не е но­ви­на. Тоа е се­ри­о­зен проб­лем, кој е при­су­тен во пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни. Спо­ред ди­ре­кто­рот на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја, д-р Ан­дон Чи­би­шев, и до­ктор­ка­та Ки­те­ва – Иг­на­то­ва,  овој проб­лем се зго­ле­му­ва во пос­лед­ни­те две го­ди­ни, но не е проб­лем са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку се ра­бо­ти за гло­ба­лен свет­ски проб­лем.

– Пред не­кој ви­кенд имав­ме сим­по­зи­ум, ка­де што имав­ме го­сти од Ср­би­ја и од Бу­га­ри­ја, од нај­поз­на­ти­те цен­три за то­кси­ко­ло­ги­ја. Зак­лу­чо­кот е де­ка се ра­бо­ти за гло­ба­лен проб­лем со кој ќе се со­о­чу­ва­ме дол­го вре­ме. Ле­ко­ви­те соз­да­ва­ат за­вис­ност, што по те­жи­на­та мо­же не е во ран­гот на за­вис­но­сти од ал­ко­хол и од дро­га, ме­ѓу­тоа е за­вис­ност, ко­ја ги вр­зу­ва лу­ѓе­то за ле­кот, не мо­жат да функ­ци­о­ни­ра­ат без не­го. Ва­кви пре­па­ра­ти упо­тре­бу­ва­ни на по­долг пер­и­од без кон­тро­ла, пра­ват оште­ту­ва­ње на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем. Та­кви­те оште­ту­ва­ња се не­по­врат­ни. Го оште­ту­ва­ат мо­зо­кот до таа ме­ра, што со тек на вре­ме ќе за­бе­ле­жи­ме де­ка тој чо­век не пам­ти, не­ко­ор­ди­ни­ра­но раз­го­ва­ра, од ми­рен чо­век ста­ну­ва нер­во­зен и конф­ли­ктен… и то­гаш се чу­ди­ме и ги упо­тре­бу­ва­ме жар­гон­ски­те изра­зи „еј за­бе­гал“… Ко­га ќе нав­ле­зе­ме во не­го­ва­та исто­ри­ја на­на­зад, ќе откри­е­ме де­ка дол­го вре­ме, пред пет до де­сет го­ди­ни, поч­нал со еден „ди­ја­зе­пам“, па по­тоа му се ви­де­ло де­ка е мно­гу нер­во­зен, па два ќе ис­пие, па не мо­же да спие, трет ќе ис­пие, па имам ва­жен со­ста­нок, ќе зе­ме уште два пред со­ста­но­кот… По не­кое вре­ме не мо­же да функ­ци­о­ни­ра без тоа, и се­то тоа до­ве­ду­ва  до не­кол­ку те­шки оште­ту­ва­ња на мо­зо­кот.  И тоа е при­чи­на­та по­ра­ди ко­ја не­ко­му ќе му за­ле­пи­ме ети­ке­та де­ка за­бе­гал, а, всуш­ност, чо­ве­кот без да знае, без кон­сул­та­ци­ја со ма­ти­чен ле­кар, на сво­ја ра­ка зе­мал средс­тво за сми­ру­ва­ње и ста­нал за­ви­сен од не­го. Не­ко­гаш му по­ма­гал ле­кот да се снај­де во одре­де­ни си­ту­а­ции, да би­де ми­рен, сми­рен, ла­ден ка­ко шпри­цер, ни­кој ни­што не му мо­же – ве­ли до­кто­рот.

Не ме са­ка – при­чи­на за че­сти­те тру­е­ња

Во пос­лед­ни­те го­ди­ни по­стои еден кон­ти­ну­и­тет на број­ка­та на тру­е­ња со бен­зо­ди­ја­зе­пим. Нај­че­сто лу­ѓе­то ко­мен­ти­ра­ат де­ка не­ма па­ри, ви­нов­ни­ци за тоа се не­ма­ње­то ра­бо­та, бес­па­ри­ца­та… Но, д-р Чи­би­шев, кој со го­ди­ни пра­вел ана­ли­за на при­чи­ни­те по­ра­ди кои лу­ѓе­то по­сег­ну­ва­ат по сво­јот жи­вот, ве­ли де­ка не се ра­бо­ти за си­ро­ма­шти­ја­та. Нај­че­сто за­вис­ни­ци од тие ле­ко­ви се лу­ѓе што се до­бро си­ту­и­ра­ни, лу­ѓе што го по­ми­ну­ва­ат де­нот во актив­ност или, пак, лу­ѓе со кон­ти­ну­и­ран проб­лем  во жи­во­тот со кој не мо­жат да се со­о­чат или да се но­сат. По сво­јот жи­вот по­сег­ну­ва­ат нај­че­сто лу­ѓе што има­ат не­до­раз­би­ра­ња во се­мејс­тво­то.

– Има не­до­раз­би­ра­ња вна­тре во се­мејс­тво­то  во од­нос на де­ца, или има конф­ликт ме­ѓу со­пруж­ни­ци­те од нај­ба­нал­ни до најс­ло­же­ни при­чи­ни,  проб­ле­ми во по­ве­ќе­број­ни се­мејс­тва со по­ве­ќе ге­не­ра­ции… Или лу­ѓе што има­ле пси­хич­ки на­ру­шу­ва­ња, од не­моќ да се но­сат со тоа по­сег­ну­ва­ат по сво­јот жи­вот. Го­лем е бро­јот на тие што ве­лат не ме са­ка мом­че­то или де­вој­ка­та. Ва­кви­те при­чи­ни не се са­мо кај ти­неј­џе­ри­те. Тие ду­ри и по­мал­ку пра­ват та­кви гре­шки. Не ме са­ка, го ви­дов со друг, ја ви­дов со дру­га… Се­га на кра­јот на школ­ска­та го­ди­на имав­ме си­ту­а­ции ко­га не до­бил пе­тка, или до­бил еди­ни­ца,  не го ис­пол­нил оче­ку­ва­ње­то на ро­ди­те­ли­те да би­де од­ли­чен со си­те пе­тки… Не мо­жам да за­бо­ра­вам ед­но мом­че пред по­ве­ќе од 20 го­ди­ни, спе­ци­ја­ли­зант бев. До­не­соа на де­журс­тво мом­че од 14 го­ди­ни. На­пра­ви­ло не­ко­ја гре­шка, та­тко му го иска­рал, се за­тво­рил во не­ко­ја шу­па, на­шол ши­ше пе­сти­цид и го ис­пил. Го до­не­соа, тр­чав­ме ка­ко лу­ди да го ре­а­ни­ми­ра­ме. Два ча­са се оби­ду­вав­ме. Не го спа­сив­ме… – ве­ли д-р Чи­би­шев.

До­ктор­ка­та Ки­те­ва – Иг­на­то­ва ве­ли де­ка ова се ле­ко­ви што да­ва­ат по­зи­ти­вен ефект, од­нос­но го да­ва­ат ефе­ктот што го ба­ра­ат лу­ѓе­то што ги упо­тре­бу­ва­ат. Ако ед­наш упо­тре­бат средс­тво за сми­ру­ва­ње и им се до­пад­не тоа чув­ство­то, нор­мал­но е да ја по­вто­рат таа актив­ност. Тоа е слу­чај и  кај лу­ѓе­то  и кај екс­пе­ри­мен­тал­ни­те жи­вот­ни. Таа сме­та де­ка нај­го­ле­ма­та гре­шка за за­вис­но­ста што се соз­да­ва ја има­ат до­кто­ри­те што пре­пи­шу­ва­ат „ди­ја­зе­пам“.

– Ме­не во­оп­што не ме из­не­на­ду­ва ако не­кој ед­наш-два­па­ти го по­чув­ству­ва по­зи­тив­ни­от ефект од не­што, да про­дол­жи да ја пра­ви таа актив­ност што го пре­диз­ви­ку­ва тоа чув­ство кај не­го. На­ши­от склоп и мо­зок се стру­кту­ри­ран та­ка што ако по­че­сто упо­тре­бу­ва­ме суп­стан­ци­ја цен­та­рот за за­до­волс­тво во мо­зо­кот по­тоа ба­ра да се по­вто­ру­ва тој ефект. Страш­но е што не­кој мис­ли де­ка ко­га ќе му пре­пи­шеш не­ко­му средс­тво што пре­диз­ви­ку­ва та­ков ефект, по­доц­на тој ќе го пос­лу­ша тво­јот со­вет и ќе пре­ста­не да го упо­тре­бу­ва. Ед­но е ако ле­ка­ри­те не го пре­ки­нат на­вре­ме, а дру­го е ко­га ве­ру­ва­ат де­ка па­ци­ен­тот по нив­ни­от со­вет, ќе пре­ки­не да го кон­су­ми­ра ле­кот по за­вр­шу­ва­ње­то на те­ра­пи­ја­та. До­жи­ве­а­ни­от ефект пра­ви тие да го ба­ра­ат тој лек по­втор­но. По­до­бро да не се про­ба за да не се раз­вие за­вис­ност. Ина­ку, со зе­ма­ње­то на овие таб­ле­ти се соз­да­ва пад на при­ти­сок, им­по­тен­ци­ја, от­пу­ште­ност на це­ло те­ло. Но, за­мис­ле­те кол­ка­ва е мо­ќта на за­вис­но­ста ко­га не ни е важ­на ни­ту им­по­тен­ци­ја­та – ве­ли до­ктор­ка­та.

Штет­ни таб­ле­ти до кои лес­но се стиг­ну­ва

Ни­ме­су­лид  или кај нас поз­нат под име­то „вен­тор“ е лек, кој Ма­ке­дон­ци­те че­сто го упо­тре­бу­ва­ат и лес­но стиг­ну­ва­ат до не­го. Мо­же­те да го на­ба­ви­те без ле­кар­ски ре­цепт, иа­ко во го­лем дел од зем­ји­те е за­бра­нет. Пр­ва­та зем­ја што го за­бра­ни овој лек е Ир­ска, по­ра­ди пре­диз­ви­ку­ва­ње  хепатотоксичност – што до­ве­ду­ва до оште­ту­ва­ње на цр­ни­от дроб. Ни­ме­су­лид  се на­о­ѓа под ими­ња­та „ау­лин“, „аи­некс“, „дре­ксел“, „до­ну­лид“, „едри­гал“, „ескаф­лам“, „хе­у­ган“, „ме­су­лид“, „ми­на­пон“, „не­ксен“, „ни­до­лон“, „ни­мед“, „ни­ме­декс“, „ни­ме­сил“, „ни­му­лид“, „ни­му­таб“, „ни­се“, „ни­су­лид“, „скаф­лам“, „скаф­лан“, „кок­страл“, „лу­се­мин“, „ме­ди­кокс“, „ни­дол“, „ни­ма­локс“, „ни­ме­сил“, „ни­мо­тас“, „ни­му­лид“, „ни­се“, „со­ри­ни“, „вен­тор“, „вил­го“.

Таа наг­ла­су­ва де­ка овие средс­тва што ги зе­ма­ат лу­ѓе­то за по­лес­но да зас­пи­јат, по одре­де­но вре­ме пре­диз­ви­ку­ва­ат не­со­ни­ца. И до­ктор­ка­та ја по­со­чу­ва то­ле­ран­ци­ја­та на ор­га­низ­мот, ко­ја мно­гу бр­зо рас­те, па од ед­на таб­ле­та, бро­јот на по­треб­ни таб­ле­ти рас­те на две, па три, по­доц­на пет и ќе се оти­де до до­зи што се не­доз­во­ле­ни. То­гаш до­а­ѓа бор­ба­та за пре­жи­ву­ва­ње. Ако ја не­ма таб­ле­та­та, па­ци­ен­тот има уште по­и­зра­зе­ни симп­то­ми од тие што ги имал на по­че­то­кот. Ако на по­че­то­кот не мо­жел да зас­пие, се­га ќе би­де до­пол­ни­тел­но нер­во­зен, ќе има чув­ство де­ка ќе се слу­чи не­што ло­шо, ќе би­де де­пре­си­вен ќе има су­и­цид­ни мис­ли. За­тоа е ви­сок ри­зи­кот за са­мо­у­бис­тво од упо­тре­ба на бен­зо­ди­ја­зе­пи­ни­те, од­нос­но од пре­ки­нот на упо­тре­ба на тие средс­тва.

02

Доктор Александар Чибишев
фото: А. Ивановски

Спо­ред д-р Чи­би­шев, нај­че­сти „жр­тви“ на средс­тва­та за сми­ру­ва­ње се  лу­ѓе од 30 до 50 го­ди­ни, во нај­е­фе­ктив­ни­от пер­и­од од жи­во­тот, ко­га  вле­гу­ва­ат ма­кси­мал­но про­фе­си­о­нал­но во об­вр­ски.

– То­гаш ко­га го има­ат, ве­ро­јат­но, нај­го­ле­ми­от ус­пех, има­ат по­тре­ба од не­што што ќе ги за­си­ли. Не­што ка­ко спор­ти­сти­те ко­га се во врв­на фор­ма и зе­ма­ат одре­де­ни не­доз­во­ле­ни средс­тва и си ја уни­шту­ва­ат ка­ри­е­ра­та. Исто­то се слу­чу­ва и во овие слу­чаи.  Ко­га се на вр­вот на ка­ри­е­ра­та, чув­ству­ва­ат по­тре­ба де­ка тре­ба  уште по­ин­тен­зив­но и по­од­го­вор­но да се вклу­чат во тоа, мо­же да пад­нат пси­хич­ки и под­лег­ну­ва­ат на „ди­ја­зе­пам“. До­кто­рот ќе им ре­че де­ка се­га се во не­ко­ја со­стој­ба во ко­ја е по­жел­но да зе­мат „ди­ја­зе­пам“, и им ка­жу­ва по ед­на не­де­ла да дој­дат на кон­тро­ла. Ќе ги по­чув­ству­ва­ат по­вол­но­сти­те, ќе се чув­ству­ва­ат де­ка ле­та­ат, и на  сво­ја ра­ка про­дол­жу­ва­ат да пи­јат – об­јас­ну­ва ди­ре­кто­рот на То­кси­ко­ло­ги­ја, кој во пос­лед­ни­от пер­и­од го по­пу­ла­ри­зи­ра оваа те­ма со цел да им се ука­же на лу­ѓе­то де­ка ста­ну­ва­ат за­вис­ни­ци од средс­тва­та за сми­ру­ва­ње и де­ка тре­ба да пре­зе­мат одре­де­ни че­ко­ри до­де­ка е вре­ме.

Глав­ни­те пос­ле­ди­ци од кон­су­ми­ра­ње на ва­кви­те бен­зо­ди­ја­зе­пин­ски де­ри­ва­ти е  оште­ту­ва­ње­то на стру­кту­ра­та на мо­зо­кот, на­ру­шу­ва­ње на спо­соб­но­ста за пам­те­ње, ре­зо­ни­ра­ње…

– Ако не­кој де­не­ска не па­ме­ти по­ло­ви­на од ра­бо­ти­те што му се слу­чи­ле вче­ра, а се се­ќа­ва што по­ја­ду­вал со пр­ва­та де­вој­ка пред  50 го­ди­ни, ту­ка му не­ма по­мош. Тоа е тоа што им се слу­чу­ва на по­ста­ри­те лу­ѓе, се ме­ну­ва стру­кту­ра­та на мо­зо­кот и ја гу­би сво­ја­та функ­ци­ја. Пос­ле­ди­ци­те се нај­те­шки на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем. Но, тоа не се единс­тве­ни­те пос­ле­ди­ци. Овие ле­ко­ви до­ве­ду­ва­ат до оште­ту­ва­ње на си­те ор­га­ни,осо­бе­но на цр­ни­от дроб, ка­де што се де­то­кси­ку­ва­ат – до­да­ва тој.

Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја во ко­ја тра­ди­ци­о­нал­но се про­из­ве­ду­ва мно­гу ал­ко­хол и се кон­су­ми­ра мно­гу ал­ко­хол. Ста­ти­сти­ка­та на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја ве­ли де­ка во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни има пад на зло­у­по­тре­ба­та на ал­ко­хо­лот. За раз­ли­ка од по­ра­но, ко­га за ви­кен­ди­те со соз­да­вал ме­теж во пе­ток , по за­ба­ви­те, од лу­ѓе што пре­те­ра­ле со ал­ко­хол, ко­га се слу­чу­ва­ло и три­на­е­се­тго­диш­ни де­ца да за­вр­шат на то­кси­ко­ло­ги­ја, де­нес таа број­ка е на­ма­ле­на. Но, е зго­ле­мен бро­јот на  лу­ѓе што се со­о­чи­ле со пос­ле­ди­ци­те од кон­су­ми­ра­ње ал­ко­хол и те­ра­пи­ја за сми­ру­ва­ње. Та­ква­та ком­би­на­ци­ја, ве­лат ле­ка­ри­те, е мно­гу опас­на, па ду­ри и смр­то­нос­на во одре­де­ни си­ту­а­ции.

– Ал­ко­хо­лот е де­пре­сор, ле­карс­тва­та  се де­пре­со­ри. Ко­га ќе се нај­дат во еден ор­га­ни­зам, еден со друг си го за­си­лу­ва­ат дејс­тво­то и мо­же да до­ве­де до де­пре­си­ја на цен­та­рот за ди­ше­ње. Мо­же­би не ко­га е чо­век бу­ден, ме­ѓу­тоа ко­га ќе се на­пие два „ди­ја­зе­па­ма“, па ве­чер­та ед­на- две ча­шки ал­ко­хол, ќе лег­не да спие и во одре­ден мо­мент ор­га­низ­мот ја спу­шта актив­но­ста на ми­ни­мум. Мо­же да се слу­чи  цен­та­рот за ди­ше­ње да из­ле­зе од функ­ци­ја и да не пу­шта сиг­на­ли за ор­га­низ­мот да ди­ше. Ќе го нај­дат на­у­тро за­мрз­нат. Тоа се опас­ни си­ту­а­ции, ду­ри и кај пом­ла­ди­те па­ци­ен­ти. Има­ме и двај­ца па­ци­ен­ти пом­ла­ди од 30 го­ди­ни. Тоа се нај­че­сто за­вис­ни­ци од опој­ни дро­ги, кои са­кај­ќи да ја при­кри­јат за­вис­но­ста од опој­ни дро­ги, ста­ну­ва­ат за­вис­ни­ци и од се­да­ти­ви. И до­а­ѓа­ат ту­ка со за­вис­ност и од ед­но­то и од дру­го­то и тие се уште по­страш­но – об­јас­ну­ва д-р Чи­би­шев.

Во со­ра­бо­тка со пси­хи­ја­три­те, ка­де што пр­во се обра­ќа­ат за­вис­ни­ци­те од средс­тва­та за сми­ру­ва­ње, на то­кси­ко­ло­ги­ја поч­на­ле да ги тре­ти­ра­ат ва­кви­те слу­чаи.  До­кто­рот Чи­би­шев ве­ли де­ка  има­ат со­ра­бо­тка со од­де­лот за за­вис­но­сти во град­ска­та оп­шта бол­ни­ца „ 8 Сеп­тем­ври“,  од ка­де што ги при­ма­ат и пр­ви­те па­ци­ен­ти. Пред ед­на го­ди­на е утвр­ден про­то­ко­лот спо­ред кој се тре­ти­ра­ат за­вис­ни­ци­те, а во пос­лед­ни­те де­се­ти­на де­на, отка­ко е акту­а­ли­зи­ра­на оваа те­ма, два­е­се­ти­на па­ци­ен­ти по­ба­ра­ле по­мош.

– Пет­па­ти по тол­ку се ја­ви­ја да се ин­фор­ми­ра­ат ко­га да дој­дат, ка­ко изг­ле­да тоа… Не­кои ги при­мив­ме. Те­шко е да се ра­бо­ти, но по се­ко­ја те­жи­на до­а­ѓа по­лес­ни­от дел. Се на­де­ва­ме де­ка ќе ги ос­ло­бо­ди­ме од за­вис­но­ста, иа­ко не­кои цел жи­вот ќе оста­нат за­вис­ни. На­ша­та цел е ако не­кој  зе­ма 20 таб­ле­ти од пет ми­ли­гра­ма, тоа е ед­на страш­на то­ксич­на до­за. До 100 ми­ли­гра­ма не се по­тре­су­ва­ме, но ту­ка ве­ќе поч­ну­ва страш­на­та зо­на. Се тру­ди­ме да ја на­ма­ли­ме таа до­за во не­кои нор­мал­ни рам­ки, да на­ма­ли­ме од 20 на пет, што е го­лем ус­пех . Ова се ле­ко­ви што ба­ра­ат кон­су­ма­ци­ја­та да не пре­ки­не одед­наш. Ту­ка се пра­ват нај­го­ле­ми­те гре­шки.  Се на­ма­лу­ва по­сте­пе­но. Ако зе­мал по две таб­ле­ти се­кој ден во те­кот на ед­на не­де­ла, по­тоа тре­ба зе­ма по ед­на таб­ле­та, па да пие пре­ку еден ден, по­тоа пре­ку два де­на… Цен­трал­ни­от нер­вен си­стем не смее да по­чув­ству­ва наг­ла про­ме­на и на­гол не­до­стиг од не­ко­ја суп­стан­ци­ја што му пра­ви за­до­волс­тва. Опре­ме­ни сме да се со­о­чи­ме со ва­кви­те за­вис­ни­ци, има­ме сѐ што тре­ба, се пра­ви ехо на сто­мак, ана­ли­за на крв, сле­ду­ва кон­сул­та­ци­ја со пси­хи­ја­тар и за­дол­жи­тел­на хос­пи­та­ли­за­ци­ја за да се има кон­тро­ла врз па­ци­ен­тот 24 ча­са. На­пор­но е, сло­же­но, со ко­ле­ги­те сме во по­сто­ја­на ко­му­ни­ка­ци­ја за од­но­сот на па­ци­ен­ти­те, но мис­лам де­ка ќе из­ле­зе­ме на крај со тоа. Ве­ќе има че­ти­ри­е­се­ти­на па­ци­ен­ти, кои не сме ги из­ле­ку­ва­ле, но сме ги ста­ви­ле под кон­тро­ла. Ќе има мно­гу ра­бо­та, мо­же­би ќе ни тре­ба и по­мош од др­жа­ва­та, се згус­ну­ва ра­бо­та­та, има­ме за­вис­ни­ци од опој­ни дро­ги, око­лу 250, преб­ло­ки­ра­ни сме од па­ци­ен­ти, ги зе­ма­ме и овие со „ди­ја­зе­па­ми“…  Оваа за­вис­ност е бо­лест што лес­но се здо­би­ва, те­шко се ле­ку­ва, а про­то­ко­лот ба­ра вре­ме и па­ри… Се на­де­вам де­ка ќе из­ле­зе­ме на крај. Се­га-за­се­га се сна­о­ѓа­ме – об­јас­ну­ва д-р Чи­би­шев.

До сон со про­ме­на на на­ви­ки­те

Нап­на­то­ста и не­со­ни­ца­та се ед­ни од глав­ни­те при­чи­ни­те­ли за ко­ри­сте­ње средс­тва за сми­ру­ва­ње. До­ктор­ка­та д-р Ки­те­ва – Иг­на­то­ва  ве­ли де­ка не­со­ни­ца­та е со­стој­ба што не мо­же бр­зо да се ре­гу­ли­ра и е по­треб­но вре­ме. Таа наг­ла­су­ва де­ка има и хи­ги­е­но-ди­е­тет­ски мер­ки, кои до­кол­ку се при­ме­ну­ва­ат мо­же да се ре­гу­ли­ра со­нот. Не­ко­гаш се по­треб­ни и ме­се­ци, но упо­тре­ба­та на бен­зо­ди­ја­зе­пин са­мо за да се зас­пие е по­греш­на. Кај ле­ка­ри­те па­ци­ен­ти­те нај­бр­зо ба­ра­ат бр­зи ре­ше­ни­ја, и се­ко­гаш го из­би­ра­ат тој до­ктор што да­ва бр­зо ре­ше­ние на проб­ле­мот, без раз­ли­ка на пос­ле­ди­ци­те.

– Се­ко­гаш е по­до­бар тој до­ктор што ну­ди „ма­ги­чен“ лек. Но, тоа не е ре­ше­ние. Тре­ба да се ба­ра проб­ле­мот за не­со­ни­ца­та. Имав двој­ка во ко­ја ед­ни­от парт­нер има­ше проб­ле­ми со спи­е­ње, дру­ги­от не­ма­ше. Се по­ка­жа де­ка же­на­та, ко­ја не­ма проб­лем со спи­е­ње, по пет ча­сот не пие ка­фе, а ма­жот, кој го има проб­ле­мот пие еден ли­тар ка­фе. Тре­ба да се поч­не со ка­фе­то, а не со таб­ле­ти­те. Исто, не­ко­гаш се проб­лем ден­ски­те дрем­ки.  По­греш­но е и мис­ле­ње­то де­ка фи­зич­ка­та актив­ност на­ве­чер ќе нѐ на­те­ра на сон. Ако истр­ча­ме ве­чер­та не­кол­ку кру­га око­лу згра­да, тоа нѐ расп­ну­ва. Ко­га ра­бо­там на не­со­ни­ца­та до­би­вам ин­фор­ма­ции де­ка во кре­ве­тот на­ве­чер  се ја­де, се пие, се пу­ши, се ра­бо­ти на комп­ју­тер, се игра­ат игри, не се об­ле­че­ни во пи­жа­ми… Тоа се драз­би, кои на мо­зо­кот му пу­шта­ат сиг­на­ли де­ка тре­ба да се оста­не бу­ден. Тоа се ра­бо­ти, кои тре­ба пр­во да се рас­чи­стат, па по­тоа да се раз­мис­лу­ва за таб­ле­ти за сми­ру­ва­ње. Тре­ба ти­вка му­зи­ка, ко­ја вли­јае на цен­та­рот за за­до­волс­тво. Хра­на­та вли­јае та­му, ма­са­жа­та ре­ла­кси­ра, топ­ли­от туш, исто та­ка. Се­то тоа по­ма­га за до­бар сон. Тре­ба да се из­бег­ну­ва те­шка­та, за­чи­не­та и со­ле­на хра­на на­ве­чер.

И до­ктор­ка­та пре­ду­пре­ду­ва на опас­но­ста одед­наш да се пре­ки­не со кон­су­ма­ци­ја на ва­кви­те ле­ко­ви, што пре­диз­ви­ку­ва кон­фу­зи­ја, гу­бе­ње кон­такт со ре­ал­но­ста, мис­ли за са­мо­у­бис­тво, гр­че­ви на мо­зок, епи­леп­тич­ни на­пад. Таа сме­та де­ка е вре­ме да се раз­мис­лу­ва на про­гра­ми за одр­жу­ва­ње. Ве­ли де­ка има ре­ци­ди­ви. Во зем­ја­ва по­стои хро­нич­на упо­тре­ба на бен­зо­ди­ја­зе­пи­ни, а пре­ки­нот мо­же да на­пра­ви чо­ве­кот да из­вр­ши са­мо­у­бис­тво. Ап­сти­нен­ци­ја­та, до­да­ва д-р Ки­те­ваИг­на­то­ва, е страш­на, по­ра­ди што мо­ра да има хос­пи­та­ли­за­ци­ја, а не днев­ен бол­нички третман.

01

Докторка Ки­те­ва – Иг­на­то­ва
Фото: А. Ивановски

– И ка­де е ус­пе­хот то­гаш? Го сим­нав од за­вис­ност, ама не е жив по­ве­ќе. Од дру­га стра­на, и са­ма­та упо­тре­ба пра­ви на­ру­шу­ва­ња, ко­рис­ни­ци­те вле­гу­ва­ат во ри­зич­но од­не­су­ва­ње, не се се­ќа­ва­ат на одре­де­ни пер­и­о­ди од де­нот, па ду­ри и на це­ли де­но­ви. Мо­ра во ид­ни­на да се во­ди сме­тка да­ли тре­ба да се пре­пи­ше, кол­ку тре­ба да се пре­пи­ше и ко­му му се пре­пи­шу­ва ва­кво средс­тво. Но, ште­та­та што е на­пра­ве­на не мо­же да се из­бри­ше со гу­ма. Мо­ра да се на­пра­ви еду­ка­ци­ја на тие што ги пре­пи­шу­ва­ат тие ле­ко­ви за да би­дат свес­ни за си­те ри­зи­ци. По­греш­но е и мис­ле­ње­то де­ка е ло­шо да се пре­пи­шу­ва бен­зо­ди­ја­зе­пин­ски пре­па­рат, кој има долг по­лу­жи­вот и дол­го трае во ор­га­низ­мот, те­шко се исфр­ла. По­до­бро е да се ко­ри­стат тие со долг по­лу­жи­вот би­деј­ќи по­тен­ци­ја­та да се раз­вие за­вис­ност е мно­гу по­ма­ла – об­јас­ну­ва до­ктор­ка­та од Цен­та­рот за за­вис­ни­ци.

pills2

 Двој­на за­вис­ност

Д-р Ки­те­ва – Иг­на­то­ва од са­ми­от по­че­ток на сво­ја­та ка­ри­е­ра ра­бо­ти во Цен­та­рот за за­вис­ни­ци во Ки­се­ла Во­да. Неј­зи­но­то искус­тво ве­ли де­ла осо­бе­но  е опас­на по­пу­ла­ци­ја­та што е ве­ќе за­вис­на од не­ко­ја суп­стан­ци­ја. Кај нив за­вис­но­ста по­бр­зо се раз­ви­ва,то­ле­рант­ни се на смрт­на до­за, ко­ли­чи­на­та таб­ле­ти што ја при­ма­ат днев­но е за­стра­шу­вач­ка, ду­ри 70 таб­ле­ти за 14 ча­са, а и по­крај та­ква­та до­за оста­ну­ва­ат жи­ви. Ве­ли нај­дра­стич­ни­те при­ме­ри  се  на­о­ѓа­ат кај за­вис­ни­ци­те од дро­га или од ал­ко­хол.

– Че­сто ле­ка­ри­те пре­пи­шу­ва­ат „ди­ја­зе­пам“ на па­ци­ен­ти што ве­ќе ле­ку­ва­ат од не­ко­ја за­вис­ност. По­доц­на па­ци­ен­тот е ви­но­вен за за­вис­но­ста. Та­кви­те при­каз­ни не се фер. Нор­мал­но е па­ци­ен­тот што ед­наш го по­чув­ству­вал ефе­ктот од „ди­ја­зе­пам“, да го ба­ра тој ефект по­втор­но. Вие со­ве­ту­вај­те го, но бла­го­при­јат­на­та драз­ба што стиг­на­ла до не­го­ви­от мо­зок е по­сил­на од кој би­ло збор. Ние мно­гу го­ди­ни не упо­тре­бу­ва­ме  бен­зо­ди­ја­зе­пи­ни, но при ис­пи­ту­ва­ње­то на ури­на е утвр­де­но де­ка се упо­тре­бу­ва­ат ва­кви средс­тва. И тоа што ние не пре­пи­шу­ва­ме не е до­бро би­деј­ќи ко­га не­ма на бе­ло, се по­ја­ву­ва на црн па­зар и ус­пе­ва­ат да го на­ба­ват. Тоа е пре­жи­ву­ва­ње, да се дој­де до суп­стан­ци­ја­та што зна­чи жи­вот. Се сна­о­ѓа­ат, одат кај ин­тер­ни­сти, кај ма­тич­ни ле­ка­ри, не со­оп­шту­ва­ат де­ка се или би­ле за­вис­ни­ци од дро­га, па ко­га  ин­тер­ни­стот ќе ви­ди де­ка има за­бр­за­на ра­бо­та на ср­це­то, ќе ре­че не тре­ба ни­што дру­го освен „ди­ја­зе­пам­че“ и „бе­до­ксин­че“, не­мај­ќи це­лос­на анам­не­за од па­ци­ен­тот. Сме има­ле си­ту­а­ции па­ци­ен­тот што го тре­ти­ра­ме од за­вис­ност од дро­га да дој­де и да ни ка­же де­ка ин­тер­ни­стот му ре­кол да пие средс­тво за сми­ру­ва­ње.  До­би­ва­ме па­ци­ен­ти со двој­на за­вис­ност. Во пос­лед­ни­от пер­и­од ре­чи­си не сум до­би­ла па­ци­ент што има са­мо ед­на за­вис­ност. Мис­лам де­ка та­кви ве­ќе не по­сто­јат. Ко­га поч­нав да ра­бо­там, во 1994 го­ди­на до­би­вав­ме па­ци­ен­ти што ко­ри­стат хе­ро­ин. Ќе ги ста­ви­ме на ме­та­дон, хе­ро­и­нот ќе се за­бо­ра­ви. Па­ци­ен­тот од­лич­но функ­ци­о­ни­ра. Се­га има­ме па­ци­ен­ти што во пе­ток пи­јат, во са­бо­та зе­ма­ат ма­ла ко­ли­чи­на хе­ро­ин, го­ле­ма бен­зо, за­што е евти­но, ја чув­ству­ва­ат ин­те­рак­ци­ја, па во не­де­ла зе­ма­ат ан­ти­де­пре­сив. За­вис­ни­ци­те се ви­стин­ски хе­ми­ча­ри за­тоа што го до­жи­ву­ва­ат ефе­ктот. Ако ме­не ми е иле­гал­на­та дро­га ска­па ќе зе­мам не­што што ми е евти­но и до­стап­но, за кое ни­кој не­ма да ме го­ни, ќе го иском­би­ни­рам со раз­ни суп­стан­ции, ка­ко енер­гет­ски пи­ја­ла­ци, ма­ри­ху­а­на, ал­ко­хол, тро­дон… – об­јас­ну­ва до­ктор­ка­та.

Пишува: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top