| четврток, 6 декември 2018 |

После испушени 15 цигари вашето ДНК се менува

После испушени 15 цигари, пушачите доживуваат една генетска мутација на ДНК-та, покажа новата студија на британските научници кои идентификуваа 23 илјади мутации како последица на оштетувањата од хемикалиите во чадот од цигарите.

Не станува збор за една мутација како примарна причина за заболувањата, истакнуваат научниците, туку тие сите можат да влијаат врз развојот на ракот кога се во одредена комбинација. Тие додаваат дека ракот доаѓа кога ќе се изгуби контрола врз однесувањето на клетките.

„Мутациите во ДНК-та предизвикани, на пример, со пушењето преоѓаат на секоја следна генерација од клетките-ќерки, секогаш повторувајќи ја штетата. Како археолози на таа болест, можеме да почнеме да го реконструираме историјатот на клонот на карциномот – евиденција на минатото и акумулираната штета во геномот.“ велат научниците.

Според водaчот на студијата, др. Питер Кембел, од Wellcome Trust Sanger институтот во Кембриџ, заклучоците до кои дошле во последните години ќе имаат големи иппликации врз лечењето. Идентификувајќи ги сите гени на ракот, научниците ќе бидат во можност да развиваат нови лекови кои ќе бидат насочени на специфичните мутирани гени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top