Полицијата не им дозволува пристап на медиумите до кривичниот суд каде што моментно се наоѓа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков.
На новинарите и снимателите не им е дозволено да се приближат до влезот на судот.
Полицијата утринава го приведе Чавков и уште петнаесетмина за настаните во Собранието на 27 април.
Покрај ексдиректорот на БЈБ, приведени се и актерот Владо Јовановски, пратеничката Жалина Пешевска, пратеникот Крсто Муковски, Горан Ангелов-Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов и други.
Тие се обвинети за терористичко здружување за уништување на уставниот поредок, за што е предвидена минимална казна затвор од 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст