| четврток, 6 декември 2018 |

Класична злоупотреба и изживување: Заев и Спасовски ги игнорираат пратеничкиот имунитет и законите

Утринава полицијата по налог на Заев и Спасовски извршила упад во домовите на повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Според првичните информации кои Република ги доби од одбраната, станува збор за класична злоупотреба на овластувањата и газење на законите.
При упадот во домот на пратеничката Жаклина Пешевска, полицијата прикажала две наредби издадени од двајца судии, за приведување и за претрес. Во наредбите кои ги покажала полицијата никаде не било наведено дека станува збор за пратеник од Собранието. Кога пратеничката се повикала на имунитет, полицијата премолчила и насилно ја спровела до возилото и потоа пред истражен судија.

Полицијата упаднала во домовите на дваесетина пратеници и граѓани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top