| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ќе им доделува награди за „лажни вести“ на американските телевизии

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи на медиумите, кои го претставуваат „најнеискрено“ да им се додели трофеј за лажни вести.

– Би требало да одржиме натпреварување и да видиме која мрежа е најнеискрена, најкорумпирана и која најмногу го извртува политичкото покривање на вашиот омилен претседател (мене). Сите се лоши. Победникот добива трофеј за лажни вести, објави Трамп на Твитер.

Во друг твит Трамп се пожали на Ем-Ес-Ен-Би-Си (MCNBC) и водителот на утринската програма на телевизијата Џо Скарбороу, забележувајќи дека емитувале емисија што ја снимиле во петок наутро, а не нагласиле дека емисијата не оди во живо.

Скарбороу на критиката на Трамп одговорио дека Ем-Ес-Ен-Би-Си со години исмејува претходно снимени емисии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top