Пакистанската полиција денеска соопшти дека во Карачи уапсила десет лица поради убиство на двојка која без дозвола стапи во брак.
– Абдул Хадија (24) и Хасина Биби (19) се венчале на почетокот од ноември, а роднините минатата недела ги убија, бидејќи стапиле во брак без одобрување од постарите роднини, изјави полицискиот претставник Касим Хамид
Тој додаде дека телата на сопружниците биле пронајдени вчера на локалните гробишта, а потоа се уапсени таткото на зетот и деветмина роднини, додека таткото на невестата побегнал.
Уапсените признале дека по наредба на племенскиот совет (Џирга), со ножеви ги усмртиле сопружниците поради непочитување на обичаите на етничката група Паштуни.
Голем број родители во Пакистан ги договараат браковите на своите деца против нивна волја.
Речиси 1.000 жени годишно се убиваат во Пакистан во име на „одбрана на честа“ – бидејќи се омажиле без дозвола на семејството или се обиделе да побегнат од договорен брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст