Божиќна ѕвезда (Euphorbia pulcherrima) е повеќегодишна собна билка и прекрасен украс за ентериерот во домот. Најмногу се купува пред Новогодишните и Божиќни празници. Специфична е по тоа што цвета баш во периодот околу Божиќ. Поради тоа е популарна во целиот свет. Совршена е за подарок за своите најблиски роднини и пријатели, а со своите прекрасни цветови ќе го разубави секој простор за време на Божиќните празници.
Растението кое ќе го купите треба да има темно зелени лисја. Растение со оштетени лисја покажува дека се работи за несоодветно негувана билка. Бирајте растение со здрави цветови. Проверете дали билката е квалитетно заштитена бидејќи при изложување на ниски температури надвор од продавница може да предизвика оштетување на цветовите и лисјата. Во домот, оставете ја десетина минути, па дури тогаш треба да ја одмотате.
Божиќната ѕвезда се поставува во близина на прозор или на некое друго осветлено место. Особено треба да посветите внимание растението да не биде во допир со ладното прозорско стакло. Таа е тропска билка и бара оптимална температура за одгледување околу 25°С. Високите температури и кратки температурни разлики ќе го скратат животниот век на ова растение, така да избегнувајте нејзино изложување на топлината од радијаторите, клима уредите, вентилацијата, како и места каде често се отвара прозор или врата. Ноќната температура во просторијата во која се одгледува треба да биде околу 12-15°С за да се продолжи периодот на цветање.
Влажноста на почвата треба да ја проверувате секој ден и залевајте ја само тогаш кога земјата е потполно сува. Залевајте ја на тој начин што водата ќе достигне до подлогата на саксијата. Ако ја залевате премногу, долните листови ќе почнат да жолтеат и венат, а пак при недостаток на вода почнуваат да паѓат. Затоа, набавете течно минерално ѓубриво и додавајте го еднаш месечно.
При крајот на зимата и почетокот на пролетта, растението ќе заврши со своето цветање и ќе почне да паѓа. Тогаш треба да ги скратите сите гранки на околу 10-15 см висина, а растението да го преместите на постудено место. Скратувањето на растението ќе предизвика раст и развој на пупките. Во периодот од март до октомври проверете дали растението ја „надраснало“ саксијата и во тој случај пресадете ја во поголема саксија. На дното од саксијата, под земјата поставете еден слој на сите камен или чакал и залевајте обилно, еднаш неделно. На есен, растението внесете го внатре во домот за да ја заштитите од мраз. Овој период е многу незгоден бидејќи температурата осцилира во текот на денот. Всушност, на есен настапува најинтересниот и најчудниот дел од одгледувањето на ова цвеќе. Имено, за да процвета, потребни и се 10 часа светло и 14 саати темно. Поради тоа, од почетокот на октомври ова цвеќе се поставува во потемна просторија без било каков извор на светлина. Треба да биде покриена од попладне до касно наутро. Само во такви услови без контакт со светлина ќе развие прекрасни црвени листови во кои ќе уживате за следниот Божиќ.
Извор hortikultura.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст