| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Барселона го доби најмоќното засилување

Најскапото засилување на Барселона во историјата на клубот, Усман Дембеле, потврди дека за две недели ќе биде потполно подготвен и дека ќе се врати на работа со остатокот од екипата.
Демебеле е надвор од тимот уште од септември, кога на гостувањето кај Хетафе заработи повреда на задната ложа.

Тој веќе некое време работи напорно по посебна програма за да заигра до крајот на годината, информација која е потврдена за француските медиумите, бидејќи за викендот го поседи својот поранешен клуб Рен и го гледал натпреварот со Лил.

“Се оди по планот, и побрзо од тоа, за две недели ќе бидам целосно подготвен, ќе тренирам нормално со остатокот од екиапта”, изјави Дембеле.

Ваков стадион може да се види само во Хрватска (ФОТО)

Оваа вест не би била толку во центарот на вниманието, да на 23 декември на програмата не е големото дерби со Реал Мадрид. Според раните најави, Ернесто Валверде не сакал да го форсира Французинот пред нова година, но делува дека тој би можел да биде подготвен за мечот на Сантијаго Бернабе.

Може слободно да се каже дека Дембеле сега ќе биде најголемото зимско засилување, бидејќи се враќа кога во тек е зимскиот прелиминарен рок, а пред повредата одигра само два натпревари, против Еспањол и Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top