Убиства, грабежи, рекет, опожарени автомобили – ова е сликата на скопските улици од 31 мај годинава до денес, од денот кога СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците формираа влада. Заедничко за сите овие кривични дела е само едно – досега никој не е уапсен и никој не одговарал за крининалите и убиствата.
Денеска, штитејќи се од рекетари кои сакале да му ја ограбат менувачницата, во скопската општина Кисела Вода, 58-годишниот скопјанец со иницијали Г.А. застрела две лица кои го нападнале. Разбојниците пред да бидат застрелани со пиштол го удриле Г.А во главата по што тој ги застрелал.
Детали за убиството во Кисела Вода: Разбојниците со пиштол го удриле сопственикот, тој пукал
Ова не било прво разбојништво во неговата менубачница која пред некое време исто така била нападната, а тогаш жтва бил Г.А, кој бил повреден со куршум во ногата поради што се уште има инвалидитет.
Брак помеѓу партијата, полицијата и мафијата
Пред само 2 дена улична престрелка ги поресе и жителите на Топанско Поле. Во вооружена престрелка беше убиено едно лице како на сцена од филм, среде населено место во чија близина има голем број на згради и објекти, ладнокрвно беше убиено едно лице, а друго тешко рането.
Во оваа крвава пресметка беше убиен Исмет Арифи – Кока од село Блаце, кој во престрелката добил фатални повреди и умрел во својот автомобил на местото каде се случила престрелката. Тешко повреден бил Ќемал Лусјани, кој живеел недалеку од местото на инцидентот.
Командант Хоџа со детали за мафијашката пресметка во Чаир: МВР молчи, убијците шетаат слободно
Според првични информации убиството се случило во вооружена пресметка на бандите на ДУИ и СДСМ во овој дел од Скопје. Во недостаток на официјални информации од институциите, од терен вчера дознавме дека престрелката се случила помеѓу две спротивставени групи кои имале нерасчистени сметки помеѓу себе, а истите биле поради продажбата на дрога.
Убијцот на Лусјани излегол од автомобил „Фиат пунто“ заедно со уште едно лице, потпомагач и двајцата до овој момент ниту се идентификувани, ниту се уапсени.
Секој викенд се бројат жртвите на криминално-мафијашките пресметки
Не е уапсен и убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев, кој исто како и случаите со менувачницата и престрелката во Топанско, на сред бел ден го изрешета 26-годишниот фудбалер со 5 куршуми во пределот на вратот и главата.
МВР сеуште не најде одговор на прашањата: Каде е убиецот на младиот Мартин Јанушев и неговите помагачи? Кој им помогна да избегаат? Како избегаа и дали се точни шпекулациите на јавноста дека тие се поврзани со највисоки структури на власта за кои наплаќаат рекет преку една агенција за обезбедување?
Ако сте од владејачка партија, може да пукате каде сакате
Нема осомничен ниту приведен за престрелката со која приврзаници на ДУИ славеа изборна победа. За пукотниците на изборите при прославите во Шутка и на плоштадот Скендербег, кога Скопје буквално делуваше како град во Сирија – се уште никој не сносил одговорност.
Ниту за пукањата од автомобили во движење никој не одговара. Очевидци тврдат дека по скопските улици често може да се слушнат пукања од автомобили.
Силни звуци ги уплашиле, низа куршуми биле испукани во близина на нивните живеалишта. Опишуваат дека во нивната населба вечерва се случило сцена како во Сирија, но велат и дека не се чувствуваат безбедно. Граѓаните живеат во страв поради неажурноста на министерот Спасовски, а криминалците добија сила бидејќи за убиства и насилни дејствија никој не одговара откако СДСМ дојде на власт.
Во исто време, во последниот период имаше десетици примери на ограбени банки, обложувалници, казина. Скоро и да нема седмица а во билтенот на МВР да не биде објавено дека бил опожарен автомобил на некој познат бизнисмен или сопственик на кафуле – ниту еден од строителите не е пронајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст