| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство на Рада Маноловиќ

Српската фолк-ѕвезда Рада Манојловиќ преживеала обид за убиство во Америка. Под нејзиното возило била поставена бомба додека настапувала во дискотека во Мајами. Полицијата го прекинала концертот и ја деактивирала бомбата поставена под автомобилот наменет за превоз на пејачката.

Инцидентот се случил пред две години. Пејачката настапувала во преполна дискотека. Возачот ја донел околу полноќ, а потоа го паркирал автомобило на резервираното место. Околу 3 часот по полноќ се создал вистински хаос, обезбедувањето на клубот забележало двајца мажи кои со торба се плеткале околу автомобилот на пејачката. Не сакало да ризикува, па повикало полиција.

Настапот бил веднаш прекинат, а дваесетина униформирани лица влетале во дискотеката. Рада престанала да пее, била препрашена, особено кога неколку полицајци ја опколиле. Никој не смеел да ја напушти дискотеката, а паниката кулминирала кога се расчуло дека под автомобилот на Рада е поставена бомба.

Полицијата успеала да ја деактивира бомбата, а автомобилот бил одвезен во полиција.

Истрагата покажала дека бомбата била поставена под погрешен автомобил и дека печајката за малку ќе била колатерална штета

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top