| четврток, 6 декември 2018 |

Ги надживеа сите: Буш постариот стана најстар претседател на САД

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш Х.В постариот стана и најдолговечниот претседател во историјата на Соединетите Американски Држави.

Тој во саботата стана рекордер откако наполни 93 години 166 дена животен век.

Буш, роден на 12 јуни 1924 година, го сруши поранешниот рекорд кој го држеше Џералд Форд кој почина во 2006 година на 93 години и 165 дена.

Зад него е Роналд Реган кој почина во 2004 година, со 93 години и 120 дена.

Џими Картер, вториот најстар жив претседател, роден е на 1 октомври 1924 година, нешто повеќе од 100 дена после раѓањето на Буш.

Буш постариот првобитно ја вршел должноста на потпретседател на Реган во 80-тите години од минатиот век, за потоа да го наследи Реган како 41 американски претседател.

Тој имал 64 години кога во 1989 година ја презел претседателската должност.

Буш го прослави 93 роденден на брегот Маинеа, возејќи се во чамец со семејството.

Оваа година, сепак, се соочува со здравствени проблеми откако во два наврата беше префрлен во болница поради воспалување на белите дробови и хроничен бронхитис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top