Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема сите неопходни дејствија во насока на откривање на сторителот и мотивот за убиството што се случи во петокот вечерта во скопската населба Чаир.
Обезбедени се видео записите од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде се случи убиството и истите ќе бидат предмет на анализа.
По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Во исто време, издадени се повеќе наредби за вештачење на чаурите, на облеката, на трагите од крв и на други предмети пронајдени и подигнати од местото на настанот, се вели во соопштението на ОЈО Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст