| четврток, 6 декември 2018 |

Украсете го домот порано за Нова година за да бидете посреќни

Последните истражувања покажуваат дека луѓето кои почнуваат порано со украсување за Новогодишните и Божиќните празници се посреќни и повозбудени за животот.

– Иако постојат бројни причини зошто некои луѓе намерно ги украсуваат своите домови порано, тоа најчесто е од носталгични причини, за да можат одново да доживеат некои спомени од минатото. Со денешниот начин на живеење, полн со стрес и анксиозност, празничните украси ги асоцираат луѓето на чувства од детството, топлина и на спокој – вели психоаналитичарот Стив Мекоун.

И покрај тоа што секој си има своја причина за украсување, куќите декорираните со светилки и со разни други празнични украси зрачат со посебна енергија на љубов и радост.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top