| четврток, 6 декември 2018 |

Постојат „машки“ грип и вироза

Мажите коишто повеќе се жалат од жените на настинка, вироза и температура од 37,2 степени одамна се предмет на потсмев и шеги, но според истражувањето на германските лекари тоа е вистина.

Резултатите од истражувњето коешто го спровела др Батрикс Грубек-Лебенштајн, имунолог од Универзитетот Инзбрук која се занимава со истражувањето на разликите во имуно системот меѓу половите, малку ќе ги оправдаат мажите кои не го замаат сериозно жените кога станува збор за тегобите низ кои минуваат во текот на настинка или вироза.

„Поедноставно кажано, поради разликите во имуносната реакција на болеста, мажите почесто се разболуваат од жените“, тврди за агенцјата DPA др Грубек-Лебенштајн

Појаснува дека против патогените микроорганизми кои го напаѓаат организмот се борат клетките со специфична имоност и клетките со неспицифична имуност. Неспецифичните клетки се ефикасни исклучително во борбата против одредени патогени микроорганизми како што се вирусот на грипот и во тој случај на организмот му овозможуваат самиот да се бори против цела низа вируси, бактерии и паразити.

Меѓутоа, релативно мал е бројот од секој вид специфични клетки. За да се уништи патоген микроорганизам специфичните клетки мора да се мултиплицираат милион пати. Тука доаѓа од израз разликата во имуносната реакција меѓу половите: додека женскиот хормон естроген помага при умножувањето на специфичните имуно клетки, ефектот на машкиот хормон тестостерон е спротивен.

И некои претходни истражувања покажаа дека естрогенот има силни антивирални својства против ХИВ, еболата и вирусот на хепатит.

„Естрогенот го стимулира имоносниот систем, а тестостеронот го сузбива и потиснува. Женскиот имуно систем реагира многу побргу и поагресивно на патогените микроорганизми од машкиот“, потврдува и појаснива др Маркус Алтfелд, шеф на Одделот за имунолошки истражувања на Институтот „Хајнрих Петте“ во Хамбург, каде што работи на истражување на вирологијата на хуманите патогени вируси. Притоа истакнува дека колку ште е повисоко нивото на машкиот тестостерон, толку неговиот имуно систем е послаб.

Научниците признаават дека не им е јасно поради што хормонот кој на мажите им ги дава машките карактеристики, воедно машкиот пол го прави здравствено послаб. Сметаат дека еден од потенцијалните одговори би требало да се побара во далечното минато, имајќи предвид дека имуносниот систем кај човекот се развива веќе со милиони години.

„Во Камената ера нашите претци живееле во пештери и биле изложени на различни опасности. Целта на женскиот имуносен систем тогаш, како и денеска, била иста – да се заштити нероденото дете или новороденчето, поради што имуно системот на жената морал да биде извонредно силен“, вели др Алтфелд.

И неговата колешка Грубек-Лебенштајн ја поврзува женската имуно реакција со породувањето и мајчинството. „Ефектот на со естрогенот зајакнатиот имуносен систем особено е силен кај младите жени по пубертетот. Се намалува со годините, особено по менопаузата“, појаснува.

Но додава дека тестостеронот не е единствената причина поради која мажите вирусните настинки или грипот го поднесуваат потешко од жените, бидејќи постојат и други фактори. „Мажите почесто нездраво се хранат, воопшто помалку се дисциплинирани кога станува збор за болест, а особено се недисциплинирани кога во прашање е вакцинирањето“, додава Грубек-Лебенштајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top