Бил еден од дванаесетте Господови апостоли, а заради верата бил распнат со главата надолу, но тогаш се случил земјотрес во кој настрадале егзекуторите и многу народ.
Светиот апостол Филип еден од дванаесетте славни Христови апостоли е роден во Витсаида. Еднаш го видел Исус и го повикал, а Филип веднаш тргнал со него поведувајќи го и својот другар Натанаил подоцна наречен Вартоломеј, исто така еден од 12-те апостоли.
По воскреснувањето на Исус, апостолот Филип Христовото учење го проповедал во Азија, Грција, Етиопија, Арабија и на други места. Во фригискиот град Ерополе со светиот апостол Вартоломеј многу пагани придобиле за христовата вера. Затоа паганските жреци почнале да ги прогонуваат Тие се пожалиле кај градоначалникот на Ерополе кој наредил да бидат распнати. Свети Филип бил распнат со главата надолу но тогаш се случил голем земјотрес од кој загинале егзекуторите и многу друг народ. Кога помислиле дека земјотресот е поради распнувањето на апостолот и кога пошле да го симнат од крстот виделе дека тој веќе бил мртов. Тоа се случило во 86 година.
Православната црква празнува уште еден празник поврзан со споменот на Свети Филип. Но тој не е овој Филип од 12-те Христови апостоли туку е еден од 7-те ѓакони. Неговиот празник се празнува на 24/11 октомври. Во првите години по основањето на светата црква се јавила потреба некој да се грижи за немоќните, болните, сиромасите и тн. Поради тоа апостолите одбрале седуммина ѓакони кои тоа го правеле. Меѓу нив бил и Свети Филип. Откако извесно време бил ѓакон заминал за Самарија каде што го проповедал христијанството. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се извршија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабожци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол Св. Филип се најде на заедничка работа со Св. Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабожците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабожци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна моштите на Св. Филип се пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.
Денес се слават и Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски и Светиот цар Јустинијан
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст