| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот ни тропна на врата, вее во Лазарополе и Маврово

Врнежи од снег утрово има во Маврово и Лазарополе, а во текот на денот се очекува да се спуштат и на пониските делови особено во североистокот каде ќе се формира и снежна покривка.

УХМР информира дека во седум часот снежна покривка од два сантиметра има само во Маврово, а најстудено било во Ѓуриште со минус два и Маврово со минус еден степен. Во другите делови е над нулата и достигнува до шест степени во Охрид, Гевгелија, Битола, Струмица и Дојран.

Во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, на планините и повисоките места од снег. Попладне постепено врнежите на повеќето места се очекува да поминат во снег.

Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде ќе се формира снежна покривка локално и над 10 см снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата на воздухот преку денот ќе биде во опаѓање, па дневната ќе биде пониска од утринската и се очекува да биде во интервал од -3 до 7 степени.

Скопје, ќе има повремени врнежи од дожд, но во попладневните часови повремено ќе има услови да поминуваат во дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата на возухот преку денот ќе опаѓа и ќе биде околу 1 степен.

Утре и задутре времето ќе биде претежно стабилно и суво со благ пораст на дневната температура.

Од четврток се очекува нов влажен бран и пообилни врнежи, претежно од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top