| четврток, 6 декември 2018 |

Со херојска одбрана, Штербик го спаси Вардар од пораз во последната секунда

Вардар останува непоразен во Лигата на шампионите и по вечерашното тешко гостување кај Рајн Некар. Најзаслужен за освоениот бод на македонскиот и европски првак е голманот Арпад Штербик кој одбрани „зицер“ во последната секунда за конечни 21 – 21.

„Црвено-црните“, иако ја прекина серијата од четири победи по ред во елитното натпреварување, со нерешениот резултат во Германија направија голем исчекор кон првото место и директен пласман во четвртфиналето.

Тимур Дибиров со пет погодоци беше најефикасен во гостинскиот состав, a Штербик мечот го заврши со 13 одбрани.

За Вардар ова беше второ реми во А-групата од ЛШ. По 9.коло македонскиот првак е лидер со 16 бода, три повеќе од Нант и четири од Барселона и Рајн-Некар. Пик Сегед има 9, Кристијаштад 6, Висла и ППД Загреб по 2.

Во следното коло, Вардар на домашен терен го пречекува Кристијанштад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top