| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона бара затвор за својата ќерка: Таа и нејзината мајка ми ги украдоа парите, ги пријавив во полиција

Диего Марадона стана топ тема во аргентинските медиуми поради обвинението упатено кон поранешната сопруга и една од неговите ќерки за финансиска измама тешка точно 3,8 милиони евра.

Легендарниот фудбалер тврди дека неговата поранешна партнерка Клаудија, ја извлекла сумата од неговата сметка во периодот меѓу 2000 и 2015 година, кога таа била одговорна за неговите финансии, а неговата ќерка Џанина наводно и помогнала да ја оствари целта.

Џанина е поранешна сопруга на Серхио Агуеро, а адвокатот на Марадона тврди дека тој нема да и прости ако навистина учествувала во измамата за која тој веќе ја информирал полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top