Собранието ги изгласа измените на законот за акцизи со кои овие горива веднаш по нова година поскапуваат за 3, 5 денари. Ваквата владина мерка уште кога беше најавена ги загрижи земјоделците кои и онака се на работ на рентабилноста при производството на храна.
Со зголемувањето на дизелот кој е главен енергенс во обработката на почвата постои опасност производната цена кај земјоделците да стане повисока од она што реално на пазарот може да се постигне како продажна цена со што ќе почнат да работат со загуби. Поделени се мислењата на земјоделските здруженија бидејќи други сметаат дека трошоците од акцизата ќе бидат минорни во споредба со зголемувањата на останатите репроматеријали кои повеќе влијаат на рентабилноста.
Ставот на министерството за земјоделство е дека зголемувањето на цената на дизелот не треба да ги загрижува земјоделците бидејќи тие ќе добијат зелена нафта од следната година. Сепак се уште останува нејасно главното прашање по која цена ќе биде зелената нафта и кога и по колку литри ќе има право да користи секој земјоделец во зависност од културата која ја обработува.
Зелена нафта како мерка ја има во регионот и во многу европски земји каде државата се откажува од акцизата за сметка на земјоделците и со тоа ја прави зелената нафта речиси двојно поевтина од онаа што ја трошат автомобилите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст