Во соседна Србија постои граѓанско здружение на лекари и родители кое се вика „Граѓани против шарлатанството” и чиј правен тим почнал да поднесува кривични пријави против оние кои во јавноста шират дезинформации и паника околу вакцините. Прва обвинета е една докторка, а на ред е и Јелена Карлеуша и други „авторитети”, пишува српски Данас.
Од почетокот на октомври во Србија се регистрирани 202 заразени од мали сипаници, а епидемијата беше прогласена во Белград, српските енклави во Косово, Краљево, Бујановац, Суботица, а од вчера и во Ниш. Најмладиот пациент е тримесечно бебе. Сите пациенти се невакцинирани или имаат непознат статус на вакцина.
Наведеното здружение, заедно со организацијата „Педијатрија заснована на докази” формирале група која по правен пат започнува борба против антивакциналистите. Првата пријава е поднесена против извесна докторка Јована Стојковиќ, наведува Данас.
„Нејзините нестручни, нехумани и сулуди настапи во мас- медиумите и по трибините се дел од вината зошто падна процентот на вакцинација, се појави епидемија и се создаде паника. Наскоро сиот доказен материјал против неа ќе го доставиме и до Етичкиот комитет на Лекарската комора и Судот на честа”, наведуваат лекарите од овие здруженија кои велат дека таква манипулација со доказите како што го прави тоа доктор Стојковиќ, ретко се сретнува во медицинската струка.
Претседателот на групата „Педијатрија заснована на докази” вели дека се решиле на правна битка откако сфатиле дека преку трибини и медиуми не можат да им парираат на агресивните антивакционалисти и најавија кривични пријави и против администратори на социјалните мрежи и јавн личности.
„Анти-вакциналисти успеаја да го соборат процентот на вакцинација со ММР во Белград и другите поголеми градови со што посредно помогнаа да се рашири епидемијата на малите сипаници за кои пак тврдат дека се банална болест. Сите кои им се спротивставуваат се нарекуваат платеници на фармациската мафија, фашисти, убијци на деца…Трагедијата во Романија беше последното предупредување што не можеа или не сакаа да го разберат. Не се виновни само анти-вакциналистите, туку и санитарните инспектори и судството кои не си ја вршат својата работата – не е почитувана законската обврска за казнување на родителите на невакцинираните деца”, наведуваат загрижените родители.
Тие пред три месеци започна петиција за заштита на правото за вакцинација против шарлатаните во медицината, барајќи надлежните да ги санкционираат оние кои шират паника и дезинформации, со што се загрозува животот и здравјето на децата во Србија.
Во отсуство на реакција на властите, група родители, со поддршка на лекарите ги гони сите кои јавно шират невистини за вакцини и шират паника.
Од почетокот на октомври во Србија се регистрирани 202 заразени од мали сипаници, а епидемијата беше прогласена во Белград, српските енклави во Косово, Краљево, Бујановац, Суботица, а од вчера и во Ниш. Најмладиот пациент е тримесечно бебе. Сите пациенти се невакцинирани или имаат непознат статус на вакцина.
Карлеуша: Нека ме тужат, едвај чекам!
Пејачката Јелена Карлеуша постојано ги повикува родителите да не ги вакцинираат своите деца преку социјални мрежи. Таа не го промени својот став, а по најавата дека лекарите и родителите ќе покренат тужба против неа, за Данас изјавува: Нека ме тужат, едвај чекам!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст