| четврток, 6 декември 2018 |

Две девојки тешко повредени во сообраќајка во Битола

Две девојки се повредни во сообраќајка што се случила вчера, околу 02.30 часот кај Братин Дол во Битола. Според информациите Е.М. (23) од Битола, управувајќи патничко возило „Ауди А3“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двете сопатнички А.К. (20) од Битола и А.Б. (24) од Охрид. А.К. била задржана во Клиничка болница Битола на понатамошно лекување, додека А.Б. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Охрид каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top