| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охридското езеро ќе биде потонат авион!

Ќе се потопуваат стар брод и авион на дното на Охридското езеро. Во името на туризмот, а по примерот на некои земји во светот и Охрид размислува за подводни туристички атракции. Прво ќе биде потопен еден стар воен авион од бивша ЈНА, кој нуркачки клуб „Амфора“ го доби донација. За овој ексклузивен настан се чека уште согласноста од министерство за животна средина.

-„Потребно е да се процени дали неговата конструкција ќе биде закана за екологијата. Неможе да биде тоа е чист метал поготово ако е алуминиум и тн треба да бидат отстранети сите негови делови од кои што може да излезе некаква течност што е составен дел од системот на авионот или бродот и тој како таков може да се потопи во езерото и нема да смета никому“ , вели капетанот Горан Устијаноски раководител на Капетанија на пристаништа.

Атракција би бил и потопен брод. еден од петте кои со години скапуваат. Најголемо внимание привлекува бродот „Илинден“, кој после потонувањето со бугарските туристи осум години стои вкотвен во каналот „Студенчишта“. Бродот е вратен на сопствениците, но засега не се знае неговата судбина. Може повторно да заплови, може да оди на суво или да биде потопен.

-„Тонеле многу бродови и истите се оспособувале. И „Коста Конкордија“ денес повторно крстари, по сите мориња и океани. При тонење на брод се прават специјални елаборати и проекти итн. Меѓутоа досега нема интерес“,
вели Горан Устијаноски.

Пред две години нуркачите од „Амфора“ во близина на Поградец пронајдоа остатоци од потонат англиски авион од Втората светска војна на дното на Охридското езеро. Пронајдени се и неколку потонати бродови во струшко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top