| четврток, 6 декември 2018 |

Темелко, сепак, излегува од Шутка

Kривичниот совет му го укинал притворот на Едмонд Темелко и му определил мерка куќен притвор, потврдуваат од Кривичниот суд.  Кога тој ќе може да го напушти притворското одделение зависи од процедурата за прием на решението и негово спроведување.

ВМРО-ДПМНЕ и неколку здруженија бараа Темелко да биде пуштен од притвор поради неговата нарушена здравствена состојба.

Инаку Темелко беше притворен пред два месеци на барање на Специјалното јавно обвинителство бидејќи тој е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“ а според судот не ја почитувал мерката на претпазливост која му беше определена забрана за напуштање на државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top