| четврток, 6 декември 2018 |

Ребека: Плачев во продавници за играчки кога Маркијан беше мал

Ребека Јанковска-Ристески, познатата македонска пејачка, во интервју за Репортер отворено говори за Маркијан, нејзиниот најстар син, кој е дете со ретка болест – туберозна склероза. Таа зборува за тоа колку нерви и трпение им требаат и неа и на нејзиниот опруг за да се прифати фактот и да се носи човек со сето тоа.

„Со Маркијан секој ден е нова прикзна, искушение, одговорност. Но, јас веројатно сега се носам добро со сето тоа. Кога решив јавно да проговорам, значи сум завршила со моите проблеми и прифаќањето на фактот дека Маркијан е дете со посебни потреби. И ние имаме дома со Мики кризи, затоа што на Маркијан состојбата е променлива. Нам секој ден ни е искушение, затоа што самата болест е таква. Постојано бараме светски мислења, разговараме, читаме“, вели Ребека.

Зборува и за близнаците Доротеј и Макариј за кои вели дека се плаши да не ги разгали.

Ми е криво што некогаш не можам повеќе време да минам со нив. Сакам со нив да сум сегде, во када, на под, да им се радувам, се да правам, секој момент да го вкусам. Но, тоа го направи Маркијан. Неговата состојба беше лоша и не можев да уживам во неговите игри. Влегов во продавница за играчки и плачев кога тој беше мал, не реагираше на ништо. Со близнаците е поинаку, се плашам дека ќе ги разгалам,“ искрена е Ребека.

Целото интервју прочитајте го на Репортер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top