| четврток, 6 декември 2018 |

Декемвриска диета: Симнете 7 килограми до новогодишните празници

Mесец дена пред да се соочиме со празничните богати трпези, пожелно е да се ослободиме од некој килограм повеќе, а диетата може да се повтори и веднаш по празниците карактеристични не само по обилната туку и по често мрсната храна.

Оваа диета е прилично популарна бидејќи брзо ги намалува килограмите, а се основа на супа од зеленчук. Диетата се држи седум дена, по потреба може да се повтори со пауза од една седмица.

Супа од зеленчук

За да ја подготвите супата која е главната основа на диетата потребни ви се:
6 главици кромид со средна големина,
250 грама сос од домати,
1 помала зелка,
2 пиперки „бабури“,
1 целер,
3 моркови,
свежи билки за зачин по желба,
сол и бибер.

Исечкајте го зеленчукот на ситни парченца и ставете го во лонец со вода. Додадете коцка од зеленчук за супа, сол и бибер, и варете на силен оган 10-на минути. Намалете ја температурата и продолжите да варите додека зеленчукот стане мек. На крајот додадете ги свежите билки.

Од приготвената супа може да јадете колку сакате во текот на денот, иако се препорачува да ја ограничите на пет чинии дневно.

Диетата трае седум дена и за тој период може да се загубат четири до седум килограми.  Забранети се пијалоци во текот на диетата, особено алкохол и газирани сокови.

Мени по денови

Сите седум дена вклучуваат супа од зеленчук. Дополнителни (дозволени) намирници се:

Прв ден – три до четири сезонски свежи овошки и 200 грама печена тиква.

Втор ден – дозволен е зеленчук и тоа спанаќ, карфиол, брокула (во количини до 500 грама) и грашок (во количина до 200 грама). Недозволен е гравот и пченката.

Трет ден  – 3 до четири сезонски овошки и зеленчук (до 500 грама дневно).

Четвртти ден –1 банана и 1 чаша јогурт.

Петти ден – 200 грама немрсно месо (пилешко, мисиркино, телешко) на скара.

Шестти ден – 200 грама немасно месо и зелена салата.

Седми ден – кафеав ориз (150 грама) и свеж сок од овошје (2 чаши).

Во текот на диетата пожелно е да се внесува што повеќе вода, сок од свежо цеден лимон и чаеви.

Извор: Макмода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top