| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен влез за натпреварот Македонија – Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација вечер во 20:45 часот го игра вториот натпревар од претквалификациите за Европското првенство 2021 година. Во Скопје ќе гостува селекцијата на Швајцарија.

Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков на првиот дуел од претквалификациите во четвртокот во Словачка ја постигнаа првата победа во групата – (74:66).

Македонските кошаркари вчера тренираа во салата во СЦ „Јане Сандански“, каде вечерва се игра дуелот. Со евентуален триумф нашата репрезентација ќе биде блиску до освојување на првото место во групата и продолжување на натпреварите во следната квалификациска фаза.

Македонија следните два дуела ќе ги игра на 25.февруари следната година со Словачка на домашен терен и на 28.јуни со Швајцарија на гостински терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top