| четврток, 6 декември 2018 |

Една година по смртта на Кастро – првите избори во Куба

Кубанските гласачи ќе учествуваат денес во првиот круг на парламентарни избори. Повеќе од осум милиони кубански граѓани се повикани да излезат на гласање за првпат по смртта на лидерот на кубанската револуција, Фидел Кастро, пред една година.

Населението на островот ќе ги избере пратениците во локалните власти – општинските совети, што ќе биде првиот чекор кон обновување на составот на регионалните парламенти, а потоа и на националниот еднодомен парламент.

На крајот на февруари 2018 година, пратениците од новоизбраното Национално собрание ќе го дефинираат претседателот на Државниот совет – држави и влади. Од 2008 година овој пост го зазема Раул Кастро, заменил постариот брат Фидел, потсетуваат агенциите.

Осумдесет и шест годишниот Раул Кастро многупати изјавувал дека сегашниот негов петгодишен мандат на чело на државата, кој истекува во февруари 2018 година, ќе биде последен за него.

Како најверојатен негов наследник е посочен 57-годишниот прв заменик-претседател на Министерскиот совет на Куба – Мигел Диас Канел.

Истовремено се очекува Раул Кастро да остане на чело на Кубанската комунистичка партија – единствената официјална политичка партија на островот – до 2012 година

На денешните општински избори, 27.200 кандидати ќе се борат за 12.500 места. Замениците во општинските совети се избираат за период од две и пол години.

Изборните канцеларии се отвораат во 07:00 часот по локално време. Гласањето завршува во 18:00 часот.

На 3 декември ќе се одржи втор круг во областите каде што никој од кандидатите не доби повеќе од 50 проценти од гласовите.

Фидел Кастро почина на 25 ноември минатата година на возраст од 90 години. Вчера Куба ја одбележа првата годишнина од неговата смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top