Граѓаните негодуваат за полициските рации во кафулињата во вечерните часови. Тие сметаат дека не е во ред наоружани полицајци да шетаат по локалите, нешто то стана пракса на МВР во последните месец дена. Па така на социјалните мрежи се појави и пародичен текст за работата на МВР. Ви го пренесуваме во целост:
„Специјалната кафеанска единица „Боеми“ при Министерството за внатрешни работи, синоќа изврши рација во неколку скопски кафеани, каде приведе дел од персоналот, сопствениците и гостите, поради основани сомненија за извршени кривични дела – нестандардна големина на ордеверот, пречекорување на работното време за 13 секунди, непријавување на бакшишот на музичарите во УЈП, користење растителен кашкавал во шарските плескавици, како и ненудење бесплатен оброк и пијачки на инспекторите и полициските службеници.
Со акцијата под кодното име „Ражен“ раководеше командантот на единицата „Боеми“, Ухлеб Силеџиев, кој е одличен познавач на локалите во кои е извршена рацијата, бидејќи и самиот честопати ги посетувал.
Акцијата наиде на одушевување кај граѓаните во Скопје, но и пошироко во Македонија. Оние со кои разговараше редакцијата на Пара вести велат дека се чувствуваат безбедни по елиминирањето на неправилностите во кафеаните и конечно имаат мирен сон.
„Што ако утре моето дете изеде уштипци со неправилна форма? Последиците би можеле да бидат несогледливи“, вели еден од нашите соговорници и нагласува дека затворањето на угостителските објекти ќе го стимулира поинтензивното живеење на денскиот живот.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


