Најмалку шест лица загинале а 200 се повредени во судирите на полицијата и исламистичките демонстранти во пакистанската престолнина Исламабад во саботата, а истовремено во бомбашки напад во југозападниот дел на земјата четири лица загинаа у уште 19 се ранети.
„Најмалку шест луѓе се убиени во судирите, а идентификувани се четворица“, изјави Диба ШЕхаз од одделот за спасување на Исламабад.
Полицијата целата сабота се справуваше со исламистичките демонстранти кои повеќе од две седмици ги блокираат главните сообраќајници во главниот град, барајќи смена на министерот за правда кого го обвинуваат за бласфемија против исламот.
Насилството коешто се прошири и на другите пакистански градови го покрена згаснувањето на приватните медиуми, а поради судирите владата на помош ја повика и армијата.
Демонстрантите бараат смена на министерот за правда Захид Хамид кого го обвинуваат дека со промената на текстот на свечената заклетва за пратениците направил омекнување на официјалниот став кон малцинската секта Ахмади. Спорниот амандман владата веќе го повлече.
Безбедносни извори за медиумите изјавиле дека војниците од 111-та бригада се мобилизирани за да учествуваат во оваа операција и дека ќе бидат распоредени како помош за полицијата во ставањето крај на протестите.
Околу 1.500 членови новата изразено тврда исламистичка политичка партија Техрик-е-Лабаик веќе две седмици го блокираат главниот патен правец кон престолнината, а сега според полициски извори нивниот број изнесува околу 3.000 лица.
Демонстрантите се судрија со полицијата и паравоените сили, а полицијата употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови за да ги растера откако не го почитуваа рокот до петок на полноќ кој им го постави владата да ја напуштат областа.
Владата се обиде да преговара со демонстрантите, но не ги убеди да ја прекинат блокадата. Операцијата во Исламабад доведе до протести и во сите поголеми градови во земјата, каде што следбениците на радикалните исламски клерици ги блокираа патните правци.
Џихадистите напаѓаат
Во бомбашки напад во предградие на југозападниот пакистански град Квета загинаа четири лица, а уште 19 се повредени. Нападот од саботата по локално време се случила кога бомбашот го активирал својот експлозивен елек на автобуска постојка. Цел на нападот била возилото на армиски полковник, но како што изјавил за Associated Press полицискиот офицер Абдур Разак Чема, офицерот не бил во возилото.
Повеќето од жртвите се цивили, вклучително и едно дете, додека четворица од ранетите се безбедносни офицери. Според безбедносни експерти, околу 10 килограми експлозив со метални шрапнели биле детонирани во овој самоубиствен напад.
Терористичката група Техрик-е-Талибан Пакистан (TTP), позната и како пакистански талибани, ја презема одговорноста за овој напад.
Овој напад доаѓа две седмици откако TTP изврши друг бомбашки напад во Квета, коа беше убиен шефот на градската полиција и уште тројца полициски офицери.
Квета, најголемиот град во немирната покраина Балочистан каде што има и сепаратистичко милитантно движење, беше цел на десетици смртоносни напади во текот на изминатите години.
Балочистан беше цел на серија терористички напади од минатата 2016 година, со што се зголемија стравувањата за засилено присуство на вооружени милитанти во областа, вклучително и терористи поврзани со џихадистичката организација Исламска држава.
Сепаратистичките милитанти во покраината богата со минерални наоѓалишта, исто така, повремено изведуваат напади во рамките на својата децениска кампања против централната власт во Исламабад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст