| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров едноставно не промаши – Нант нанижа уште една победа

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров беше дел од уште една победа на Нант во Лигата на шампионите, овојпат против Висла Плоцк, а обезбедена со резултат 32:30.

Францускиот тим одигра одлично прво полувреме кое го доби со резултат 18:12, но дозволи противникот да ја стопи предноста во вториот дел, односно во 54. минута да дојде до два гола негатива (27:25). Сепак, до крајот Нант не дозволи изненадување и ја оствари својата шеста победа со која е на второто место во групата и тоа зад Вардар.

Лазаров постигна 3 гола од исто толку обиди, а поефикасни од него беа Гурбиндо (4), Турнат (5) и Буриќ (6). Кај Висла, Дуарте го заврши натпреварот со 5 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top