Со 47 гласа „за“ и 25 „против“, Собранието ги изгласа измените на Законот за акцизи со кој од 1 јануари ќе се зголеми акцизата на нафтата за три денари.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека не се очекува никакво инфлаторно придвижување и дека граѓаните можат да бидат мирни.
„ЕУ ова го препорачува и заради намалување на загадувањето кое го предизвикуваат овие горива. Со овие предлог измени ќе се остварат и дополнителни приходи во буџетот. Важно е што паралелно ќе се оди со зголемување на акциза на црвената нафта за три денари, затоа што ако се зголеми распонот меѓу дизелот и црвената нафта може да дојде до злоупотреби на црвената нафта“ – рече Тевдовски.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека целта на зголемената акциза не е за да се намали загадувањето, туку за да се наполни државната каса.
Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, пак рече дека смешно и понижувачко е образложението дека зголемувањето на дизелот е како мерка против загадувањето. Оваа мерка, рече таа, не беше предвидена во предизборната програма на СДСМ.
Велат дека ова најмногу ќе ги погоди земјоделците и таксистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст