| четврток, 6 декември 2018 |

Еден детал ги поврзува сите масовни убијци

Една работа ги поврзува скоро сите масовни убијци во САД од 1966 до денес. Скоро сите се мажи.

Онлајн изданието на американскиот весник Тајм после масакрто во Лас Вегас, во кој 64 годишниот Стивен Падок уби 59 и рани повеќе од 500 луѓе, објави интересна статистика.

Имено, од 1966 до денес во САД се случиле 134 масовни убиства со огнено оружје. Во три случаи нападите ги извршиле жени, што значи дека 98 проценти од масовните убиства со огнени оружје ги направиле мажи.

Ако пак е гледаат “обичните“ убиства, ниту таму ситуацијата не е многу различна. За околу 90 проценти од убиствата во Америка одговорни се мажите, при што огненото оружје е користено во скоро 70 проценти.

За ова постојат многу причини, а Тајм наведува некои од нив: компаниите кои продаваат оружје во своите реклами внимание обраќаат скоро исклучиво на мажите, а поседувањето на оружје се поврзува мачо статусот на мажот.

Интересно е дека голем процент од масовните убијци имаат историја на злоставување на жените, но и дека повеќе од половина масовни убиства со огнено оружје вклучува и убивање на партнерката.

Скоро половина од оружјето на светот кое го поседуваат цивилите е во сопственост на Американци, но таа распределба ниту од блиску не е рамноправна.

Голем дел од оружјето припаѓа на т.н. “супер-сопственици“, групи кои се составено од поголем дел мажи кои се само 3 проценти од американската популација, но во просек секој од нив поседува дури 17 парчиња оружје.

Културата на оружјето- машка, бела и конзервативна

Од друга страна, американските жени се повеќе купуваат пиштоли, но тука застанува секоја личност. Имено, за разлика од мажите, жените во најголем број купуваат само еден пиштол, кој им служи за самоодбрана.

Со се наведено, сопствениците на оружје кои се мажи, добар дел од своето слободно време го посветуваат баш на т.н. “култура на оружјето“, одат во лов, пукаат во стрелана, гледаат ТВ емисии посветени на оружјето… Интересно е и дека белците во САД поседуваат повеќе од оружје од црномурните, т.н. “супер сопственици“, оние кои земаат големи количини на оружје, се во најголем дел бели конзервативни мажи.

Меѓу американските мажи кои поседуваат најмалку пет парчиња оружје најмалку половина тврди дека поседувањето на оружје е доста важно за нивниот идентитет.

Со други зборови, стереотипот според кој „Американците се опседнати со оружје“, не е сосем точен, поисправно би било да се каже дека во САД субкултура опседната со оружје е повеќе кај белите, поголем дел се мажи, а најголем дел конзервативни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top