| четврток, 6 декември 2018 |

Простувањето ќе ви се врати повеќекратно – денеска е христијански ден на добрината!

Денеска е Св. Јован Милостивиот.
Роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин.
Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца. Но, семејниот живот не му пречел
непрестано да напредува во доблесниот живот. Кога му умреле жената и децата, бил избран за
патријарх во Александрија. Ја управувал оваа Црква десет години. Од сите доблести, посебно
го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив. Се успокоил на Кипар, во
своето родно место, во 620 година. Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград,
па дури во Будимпешта, и најпосле во Пресбург.

Денешниот празник го одбележуваат сите цркви и Јован Милостивиот го сметаат за светец на добрината. Поради тоа се смета дека на денешен ден треба да биде милостиви кон секој кој ќе ја побара вашата помош.

Ако сте скарани со некого, или лути некому, простете. Се верува дека тој што ќе прости, ќе му се врати повеќекратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top