| четврток, 6 декември 2018 |

Над нејзината судбина и каменот би заплакал – првиот маж ја тепал, а вториот ја уби!

Билјана Мијатовиќ (30), која пред четири дена ја уби невенчаниот сопруг Синиша Радованчев(50) во Панчево, само три недели по породувањето, со години трпела злоставување на мажи.

-Имаше денови кога Билјана се жалеше дека Синиша доаѓал мртов пијан и дека таков ја малтретирал, навредувал, понижувал – вака за Блиц ја почнува приказната блиска роднина на Билјана, жената која во вторникот, на својот роденден  беше на смрт избодена од Синиша.

Нејзината роднина замолила да остане анонимна, а во својата потресна изповед раскажала низ каков пекол поминала несреќната жена со години, за на крај да и пресуди партнерот. Како што додава, Синиша и Билјана биле во врска две години, од кои една година живееле заедно.

-Кога го запозна Синиша, се беше супер, Зборуваше дека е среќна, иако јас не се слагав со нивната врска. Меѓутоа немав право да се мешам- рекла соговорничката.

-Имаше денови кога мртов пијан доаѓал дома, но наводно никогаш не ја удрил, иако Билјана зборуваше дека Синиша бил насилен и кон првата сопруга. Додека беше трудна се фалеше дека Синиша се променил и дека е добар со неа – рекла соговорничката.

Таа рекла дека животот на Билјна бил преполн со тага и насилство. Имено неа ја малтретирал и првиот сопруг.

-Тој ја малтретирал и тепал, затоа и замина од него- рекла жената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top