Доцна синоќа, во престрелка на улицата „Лазар Трповски“ во населбата Топанско Поле непознато лице беше застрелано, а лицето Л.Ќ. се бори за живот на ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Наофицијално, полицијата се уште нема осомничен или приведен за овој крвав настан, но тоа не треба да зачудува имајќи предвид колку време му беше потребно на МВР да посочи осомичен за случајот Мартин Јанушев.
Оваа крвава престрелка со смртни последици е само една од низата кои изминатиов период се случија во Македонија. За истите никој не одговара, а полицијата на Оливер Спасовски повеќе игра улога на заштитник на криминалот отколку на граѓаните.
Македонија е потресена од убиството на Мартин Јанушев, чиј убиец ниту три недели по ладнокрвната ликвидација не е приведен или казнет.
Нацев: Минува 12 ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот
Нема осомничен ниту приведен за престрелката со која приврзаници на ДУИ славеа изборна победа. За пукотниците на изборите при прославите во Шутка и на плоштадот Скендербег, кога Скопје буквално делуваше како град во Сирија – се уште никој не сносил одговорност.
Ниту за пукањата од автомобили во движење никој не одговара.
Очевидци на денешниот крвав инцидент велат дека биле сведоци на вистински хорор. Силни звуци ги уплашиле, низа куршуми биле испукани во близина на нивните живеалишта. Опишуваат дека во нивната населба вечерва се случило сцена како во Сирија, но велат и дека не се чувствуваат безбедно. Граѓаните живеат во страв поради неажурноста на министерот Спасовски, а криминалците добија сила бидејќи за убиства и насилни дејствија никој не одговара откако СДСМ дојде на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст