| четврток, 6 декември 2018 |

Поврат на ДДВ ќе има, но кога?

Предизборното ветување на СДСМ за поврат на ДДВ ќе се спроведе, но во 2019 година. Одоговарајќи на пратеничкото прашање поставено од Илија Димовски, премиерот Заев појасни Заев повратот ќе се пресметува како 15% од ДДВ-то исплатен при секоја фискална сметка, со тоа ќе има до 30.000 денари во секое семејство.

-Со ова веруваме дека ќе се зголемат приходите во буџетот од наплата на ДДВ затоа што граѓаните ќе бидат мотивирани да го плаќаат. На тој начин би се намалила даночната евазија. Сметам дека ова е вбризгување на огромни пари кај граѓаните. Ќе се зголемат приходите во секое семејство, со лимит кај богатите, рече Заев на денешната седница во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Илија Димовски.

Како што рече премиерот, на мерката ќе ѝ претходи пилот-проект кој ќе се реализира во два региони во Македонија за да се утврди дали системот ќе функционира.

-Во второ полугодие на 2018 ќе ги испробаме овој систем на две места во Македонија за да го провериме неговото функционирање и за да ги слушнеме ставовите, да ги утврдиме предности и слабости. Ако системот функционира, граѓаните ќе бидат мотивирани и ќе си бараат фискална сметка насекаде, а преку тоа целиот систем на уплата на ДДВ ќе се зголеми. Ова е механизам кој успева во одредени земји. Ако двата региони ги дадат овие резултати, во 2019 одиме низ цела територија – додаде премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top