| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска славиме голем празник – Св Мина: Мажите треба да го направат ова за да донесат среќа

Денеска е Св. великомаченик Мина. Свети Мина беше по род Египќанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина. На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата. Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.

Се верува дека доколку мажот денеска ги преземе сите обврски во домот, на домашните ќе им тргне на подобро и дека цела година ќе ги следи среќа. Од друга страна, ако тоа не го стори, и се однесува непримерно, во домот ќе влезе негативна енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top