| четврток, 6 декември 2018 |

Швеѓаните ќе внимаваат како разговараат со Бога

Новото упатство за спроведување служба во Шведската црква советува свештениците да избегнуваат заменки од машки род кога зборуваат за Бог за да биде црквата по инклузивна. Црковниот весник „Киркан стиднинг“ наведува дека тој предлог бил усвоен вчера и тоа со големо мнозинство.

Според „Гардијан“, одлуката стапува на сила на 20 мај следната година.

Антје Јакелен која е надбискуп на Шведската црква, изјави дека по гласањето, целта е да се „покаже на светот дека постои црква која може да носи и почитува различности“.

Во низата текстови би требало наместо „тој“ да се користи само зборот „Бог“.

Според медиумите во Шведска, во правилникот постои и предлог Бог да се нарекува „и татко и мајка“.

– Да се нарекува Бог – Господ воспоставува родна хиерархија и подредена состојба на жените во западен феминистички контекст. Инклузивниот јазик во црквата е потребен, бидејќи е базиран на свесност на различностите за видлива дискриминација во општеството, изјави Софија Камнерин заменик-претседавач во младината христијанска организација Екуменија.

Локалните медиуми јавуваат дека тој вид „борба за новиот правилник“ се води веќе 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top