| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца и Карлеуша направиле инцидент во судница – судијката повикала обезбедување

Светлана Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша со години наназад се лути противници, а денес прв пат се соочија.

Медијацијата меѓу нив започна околу 12 часот во судница, а се со цел да се направи обид тие да се смират по мирен пат, за да се избегне судење.

На рочиштето прва пристигнала Јелена Карлеуша во одлично расположение, насмеана и придружувана од својот адвокат.

По неколку минути се појавила и Цеца со својот адвокат и сериозен израз на лицето.

Двете пејачки влегле сами без адвокатите во судницата за да се обидат да ги „закопаат“ секирите. Српските медиуми пренесуваат дека тоа било неуспешно бидејќи набрзо се слушнала расправија и врева.

„Срам да ти е“, „Ти мене ќе ми кажуваш за чесност“, биле само дел од навредите кои си ги упатувале едната на другата, по што полицаецот влегол внатре и ги опоменал.

Во меѓувреме судијата го известил обезбедувањето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top