Шест месеци условна затворска казна доби Томислав Лазаров од судијката Татјана Михајлова во скопскиот Кривичен суд за случајот со насилствата пред Општина Центар во 2013 година, што во јавноста е познат како „Шамари“.
Казната нема да се изврши доколку осудениот во следните две години не изврши ново кривично дело.
Михајлова го прогласи Лазаров за виновен за насилство и му одреди алтернативна казна – условна осуда.
Пред судот, Лазаров рече дека се откажува од правото на жалба пред повисок суд, а од жалба на пресудата се откажа и Специјалното јавно обвинителство.
Судијката Михајлова во образложението на пресудата рече дека при нејзиното донесување биле земени предвид отежнителните и олеснителните околности. Како отежнителна околност Михајлова го наведе самото кривично дело, а олеснителни околности, според судијката, се тоа што Лазаров го признал делото, рекол дека се кае, како и тоа дека станува збор за семеен човек.
Во изјава за медиумите, по завршувањето на рочиштето, Лазаров изјави дека се кае за стореното и дека нема да го повтори делото.
Обвинителката на СЈО, пак, Фатиме Фетаи, пред новинарите рече дека обвинителството е задоволно со пресудата затоа што Лазаров во оваа фаза од постапката го признал делото.
– За кривичното дело насилство, Кривичниот законик предвидува затворска казна повеќе од пет години, но ние сме задоволни што обвинетиот во оваа фаза од постапката, односно на самиот почеток, го призна делото. Другите обвинети во случајот нема да имаат шанса за пресуда каква што беше донесена денеска, односно за условна затворска казна – изјави Фетаи.
Во предметот „Шамари“ обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниелa Рангелова и уште 11 други лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст