| четврток, 6 декември 2018 |

Стоп! Полицаец сум, во право сум дури и кога грешам (фото)

Специјалното возило „пајак“ изминатите 7 дена во главниот град диглнао дури 445 возила, но непрописното паркирање очигледно не е никаков проблем доколку сте член на полицијата и ако оставите „знак за препознавање“.

На Фејсбук групата Ѕид на сообраќајниот срам денеска беа објавени фотографии од возило, веројатно на полициски службеник, кој автомобилот го оставил на зелена површина и на пешачка патека. Полициската палка и капче се оставени под самото ветробранско стакло, веројатно како порака за да не заработи казна за непрописно паркирање.

 (фото – Ѕид на сообраќајниот срам)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top