| четврток, 6 декември 2018 |

Косово гори: Уапсен лидерот на опозицијата Албин Курти

Косовската полиција денеска го уапси пратеникот на Самоопределување, Албин Курти кој воедно е и духовен лидер на ова политилитичко движење. По апсењето следеше судир на полицијата со приврзаниците на Самоопределување при што полицијата употреби и солзавец.

Полицијата покрај Курти ги уапси и Доника Кадај -Бујупи и Албулена Хаџиу пратенички на Самоопределување, поради сомневање дека употребиле оружје и други средства за спречување на работата на собранието на Косово.

Апсењето е извршено по налог на Основиот суд во Приштина. Акцијата на полицијата за апсење на пратениците, според приштинските медиуми е реализирана за време на влезот во собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top