| четврток, 6 декември 2018 |

Х.Е.Р.А.- Македонија веќе не е пример во Европа со либерален закон

хераСо потпишување на указ за новиот законот за прекинување на бременоста од Претседателот Ѓорѓе Иванов, Македонија престана да биде пример за земја со либерални права во Европа, во којашто жените слободно можеа да одлучуваат за прекин на бременоста, епитет со кој можевме да се гордееме во изминатите 40 години, посочуваат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување- ХЕРА.

-Уште еднаш нагласуваме дека сите нови одредби кои ги содржи овој закон, како поднесување на писмено барање од жената за прекин на бременоста, задолжителното пристрасно советување за ризиците по здравјето и животот за жената и предностите од продолжување на бременоста, како и 3-те дена чекање по советувањето не се засновани на научни факти и преставуваат омаловажување на жената и негирање на нејзините способности сама да донесува одлуки за своето тело. Овој закон нема да придонесе за зголемување на наталитетот на земјата туку само ќе го отежни патот за жената, која и така донела тешка одлука да ја прекине несаканата бременост, а ќе се зголемат и ризиците од небезбедни абортуси со кои животот на многу жени ќе биде доведен во опасност, пишува во соопштението од ХЕРА, од каде најавуваат оспорување на Законот пред Уставниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top