Номади од евроазиските степи ја донеле чумата во Европа пред 4800 години, меѓу неолитот и почетокот на бронзеното доба, се наведува во студија објавена во научното списание „Карент бајалоџи“ (Current Biology).
Примероци на бактеријат се пронајдени во забите и коските на луѓе кои живееле во тој период, велат научниците кои го анализирале геномот на бактеријата која ја предизвикува болеста чума.
Анализата на древната форма на чумата би можела да овозможи подобро да се разбере еволуцијата на болеста која подоцна станала поопасна.
Научниците анализирале околу 500 заби и коски пронајдени во Германија, Русија, Унгарија, Хрватска, Литванија, Естонија и Летонија за да пронајдат траги од бактеријата јersinija pestis. Оваа заразна бактерија предизвикувала големи пандемии во текот на историјата, а најпозната е црната смрт од 15 век, која убила околу 30 милиони луѓе, што во тоа време претставувало половина од европското население.
Чумата е болест на глодарите, а ја шират болви. Луѓето најчесто се инфицираат од угриз на заразена болва, а болеста се манифестира со отекување на лимфните јазли и понекогаш со воспаление на белите дробови.
Отокот на лимфните јазли се лекува со антибиотици, но воспалението на белите дробови е смртоносно доколку лекувањето на заболениот не започне во рок од 24 часа. Поради брзото ширење и големата смртност, бактеријата на чиумата може да биде оружје во евентуална биолошка војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст