| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Нема македонска нација, јазик и држава пред 1944 година


Во интервјуто дадено за бугарскиот портал „INFORMO“ бугарскиот професор Божидар Димитров, директор на Национален историски музеј во Бугарија, истакнува дека полека се чувствуваат промените од Договорот за добрососедство потпишан помеѓу Бугарија и Македонија. Тој објаснува дека е започнат процесот на промена на македонските учебници по историја и дека историјата е многу јасна и децидна, а тоа е дека македонизмот не постои, македонската нација, јазик и држава пред 1944 година не постоеле и дека се создадени во 1944 година од страна на Југословенската комунистичка партија.

Прашан дали со договорот ќе настапи промена во учебниците и дали ќе има генерално признавање на заедничките корени помеѓу двете држави. Димитров вели:

– Историски дискусии тешко можат да се водат, бидејќи историјата е јасна. Тоа ние е јасно не само на нас, туку и на научниците од целиот свет. Факт е дека до 1944 година нема македонска нација, јазик и држава. Сето тоа е создадено 1944 година од Југословенската комунистичка партија, со што е исполнета една оодлука на Комитерната од 1934 година. Од тогаш навака многу е јасно каква е историјата.

Димитров дополнува дека договорот за добрососедство ќе почне да се реализира и ќе има придвижување, кога ќе биде одобрен од парламентот на двете држави, тоа ќе се случи многу брзо, според него.

– Уште пред да влезе во сила има некои позитивни чекори, на пример веќе има одлука од учебниците да се избрише изразот „бугарски фашистички окупатор“ и т.н. Односно лошите зборови за бугарите да бидат избришани од учебниците, а по натаму ќе видиме што ќе биде. Не треба да ги брзаме работите и да сакаме договорот да дејствува пред тој да е ратификуван од парламентите од двете држави, истакна Димитров.

Ваквите шовинистички изјави за негирање на посебноста на македонската држава, јазик и нација се интензивираа во бугарските научни кругови по склучувањето на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top