Бугарија и Бугарската православна црква се единствени во желбата за развој и продлабочување на односите меѓу Бугарија и Македонија, констатираа денеска бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот патријарх Неофит.
Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.
За ова ќе се дискутира на состанок на Св. Синод на БПЦ, а темата за автокефалноста на МПЦ ќе биде разгледана и со останатите помесни православни цркви, информирал патријарх Неофит, пренесуваат медиумите во Бугарија.
Патријархот Неофит го запознал Радев со писмото на Македонската православна црква, кое беше испратено до Канцеларијата на Светиот синод на бугарската црква за евхаристичкото единство на БПЦ со МПЦ.
За време на средбата беше истакната важноста на потпишаниот билатерален Договор запријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, кој го зајакнува меѓусебната доверба, го поттикнува развојот на билатералните односи и претставува позитивен чекор во процесот на европска интеграција на Македонија. /МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.