| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белград уапсен најмоќниот албански криминалец

Елвис Кељеменди (39) денеска е сослушан во првото основно јавно обвинителство во Белград и одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Неговитиот адвокат, Небојша Петровиќ, потврди за српски „Курир“ дека неговиот клиент ја негирал вината.

Портпаролот на обвинителството Александра Денадиќ за Танјуг вели дека Кељаменди е притворен поради кривично дело насилство во семејството и недозволено држење на огнено оружје и муниција. Задржан е во притвор поради страв од бегство.

Специјалното обвинителство на Косово го терети неговиот татко Насер Кељеменди, за организиран криминал, за убиства и трговија со наркотици. Во исто време, тој се смета за водач на една од најопасните криминални групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top