| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската економија заздравува, оценка на Светска банка

Svetska bankaМакедонија излезе од двојна рецесија, економијата напредува и се предвидува раст од 1,4 процент годинава, стои во извештајот на Светска банка за државите од регионот.

Растот на почетокот се очекува да биде скромен, но ќе забрза во втората половина заради планот за јавни и странски директни инвестиции. Но, ова закрепнување нема да влијае врз невработеноста и врз сиромаштијата во регионот, стои во извештајот.

Невработеноста е меѓу главните грижи, особено меѓу младите. Според СБ, процентуално се невработени 53 проценти од младите, па оценува дека државите во регионот не креираат доволно брзо работни места за да се  прифатат новите учесници во работната сила. Затоа се препорачуваат структурни реформи, кои се однесуваат на деловното окружување и пазарот на труд. Во тој дел, СБ ја посочува Македонија како лидер, во делот на дозволите за градба, регистрацијата на имот или даноците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top